Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На кого треба да отстапиме место во автобус?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од emce-kremce, 9 март 2010.

  1. number1

    number1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    4
    Станувам на оние што се љубезни. Ако некој некултурно ми нареди да станам, ќе се увери дека тоа нема да го направам :)
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Само на бремени жени и на луѓе со отежнато движење. На некултурни бабетини што те колнат ако не им станеш порумени од мене - no way
     
  3. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Ако љубезно ме замоли да станам, би станала. Се разбира дека не би станала на некој кој ќе ми рече „ај девојче стани, не можам да стојам“, а гледам има 18-20 години.

    Кога бев помала, во четврто одделение, за на училиште одевме со автобус. Месечна карта беше 500 денари и автобусот носеше само ученици. Ама возачот често превезуваше и други патници. Кога мајка ми ме пречекуваше еден ден ми рече „Зошто секогаш кога идам да те пречекам те гледам станата во автобус?“ И јас и кажував дека имаше постари лица во автобусот
    (а јас во тоа време станував за секој постар од мене, макар и за една година - така имав сфатено дека треба :lol: )
    . Тогаш таа ми рече „Во ред, културно и пристојно е да станеш за постар човек од тебе. Но како што и тие плаќаат карта, така и ти плаќаш. Не те пуштаме со автобус и не плаќаш за да стоиш на нозе.“ И оттогаш секогаш прво размислувам пред да станам за да седне некој друг. А морам да напоменам дека ме нервира кога во автобусот ќе влезе некоја секси мамичка и возачов одма „.... стани да седне теткава. Од на работа иде.“
    И кога сите погледи кај мене ќе се свртат ќе станам, не ќе се распрвам тука. И + ако таа иде од на работа - јас идам од нашколо... Не ми е мене школото на два чекори од дома. Секое утро пешки одам пешки се враќам. Па и јас сум изморена после седум часа, не само тие тетки.
    За бремена жена, за човек за кој гледам дека е изморен, болен, со патерица или носи ќеси, се враќа од на пазар итн - со задоволство би станала. :) :hai:
     
  4. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    и јас кога бев помала не пропуштав да станам било да се работи за бремена жена, постари луѓе, или пак мајка е дете....ама пред некоја година ми прекипа од едни теткици :@ немав спиено повеќе од 30 часа и многу ми беше лошо....и нормално најдов празно место и седнав...на следната станица се качија овие теткиве и одма коментар следеше: леле децава немаат осет бла бла бла....јас стварно не можев да се карам и мудро си ги игнорирав...ама едно време претераа...веќе ептен лично стана....и собрав некако сили да им кажам дека и јас сум изморена (а ранецот ми тежеше 15 кила), и пази молим те, ми викаат нели не гледаш со кесиве, натоварени сме...а носеа три кеси, во едната кило-две портокали, во другата некоја маичка или панталони, не се сеќавам точно, битно не беше нешто претешко....и се изнервирав пак и само си се свртев накај прозор....и што е најсмешно, се симнаа 4 станици пред мене!!! |( :@
    за џабе само ме испонервираа....е сега веќе станувам само кога ќе видам некој дедо или баба што не можат да одат...ама па од друга страна....кој ги тера да шетаат по цел ден кога не можат....колку пати ги имам слушнато да прават ваков муабет: ете завршивме со тоа, сега што ќе правиме? -епа ај ако не да се извозиме од последна до последна?!? и ги глеам се качуваат во еден автобус со насмевка од уво до уво!!! после кажуваат приказни за тоа како биле изморени и на знам уште што...ЕПА НЕ СТАНУВАМ БЕ! :devil: ]:) :lol:
     
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Порано станував скоро на сите, ама повеќе не.Дури некогаш и се нервирам кога ќе видам стари луѓе во автобус.Па што мајка бараат да се буткаат,ко божем кузнае каква работа да имаат.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Е да бе, „Митра ќе оди кај Стојна, па ај и ја да одам кај Митра, па уз пат ќе станам некое дете, шо има везе ако имале 7 часа денес, крвта им врие“....оффффф значи на нив никад не сум им станала и нема да им станам...и јас плаќам карта како и сите.
     
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Станувам на бремена жена, жена/ маж со дете мало и на ептен луѓе што се враќаат од работа претепани, на кои ќе им прочиташ од лице. Старите кои шетаат зошто им е досадно дома и само прават гужва во бус, на лекар, во аптеки нееее. Неможе да оди, а бил на пазар и се натоварил, па сега јас ке станувам.
    Ако се обрати културно да, ама бабишта кои што вреѓаат за инает не им станувам, така да си знаат!
    И баба ми неможе да шета, ја болат нозете, па си седи дома. Ако ја донесе некој кај мене ок, ако не ке си седи дома и ке си гледа тв.
     
  8. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    па секако на постарите... ;)
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Да им станам на постари??? :^) Исклучиво ако се љубезни во погледот, а не осудувачки... уште не станат (иако си планирал), да ти навестат дека не ти личи на годините да не станеш. До толку некогаш претерале, што мааалце поназад имало место, но сакале тука каде што сум јас за да не тепаат уште два чекори плус. Ма да во поново време за сите патници исто важи, кој ме знае мене со какви болештини се движам по автобуси? Може тромбови имам по нозете?!

    Само за бремени не правам исклучок никогаш. :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    еве јас ќе ви кажам една случка.Кога бев бремена со првото дете значи пред едно 5 год се качувам во автобус(само незнам како дојде до ситуација да се возам со автобус кога имав автомобил) :D беше преполн,јас бремена можеби веќе 7-8 месец со стомак до заби :D Ми се слоши,а млади средношколци еден куп внатре никој не ми стана ама баш никој.Стана една стара бабичка која имаше повеќе совест и култура од денешнава младина.Ете само толку ќе кажам па нека размислат помладиве дали во вакви ситуации треба да се кријат до прозор-не е хумано.позз
     
  11. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Им станувам само на

    1.баби и дедовци со бастумче,
    2. многу трудна жена :lol: , и
    3.на мајка со мало дете.

    Сите останати можат да стојат!
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    48.038
    Пол:
    Женски
    Само на мали деца и на некоја бремена жена ! Бабине и дедовцине коа можат да се акаат по пазар можат и да стојат ]:) :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Леле и4 не се возам во автобус тоа најмногу го мразам, една4 така од Скопје си идев ама стварно бев мн изморена и си седнав, а имаше постари шо стоеа, ама стварно немав сила саат и пол да стојам, ина4е на пократки релации секако би отстапила место, ама за 25мин поарно ќе пеша4ам отколку во автобус да се возам...
     
  14. RebelRiot

    RebelRiot Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    9
    И така велиш, не сакаш да се возиш мн 4есто? :^)
    Како и да е.. Ч буквата се наоѓа веднаш до Л, а под П и Ш и така тоа. А мн = МНОГУ!

    А во врска со темава... Не се возам во автобус често. Но кога се возам, патувам на подолги релации (1 час до Скопје). Се сеќавам еднаш отстапив место на една баба. :)
    А би отстапила на: Баба, дедо, трудна жена, мајка со дете и на луѓе со посебни потреби (несекојдневни случаи).
     
  15. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    342
    Станувам на вистински изнемоштени луѓе, се гледа тоа. Мене никој не ме прашува дали сум уморна па да ми стане, ако сум млада неможело да бидам уморна? ајј... Па кога ќе ми ццка и ме гледа, чека да станам, вампири таккив, е не им станувам. :devil:
     
  16. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Се разбира на постарите :lol: Ете тоа и го пишува во новите автобуси....но луѓе,колку пати ми се случува да трчам да го фатам автобусот,преморена цел ден на нозе,и сега некој да ме крене да станам :worried: и мене некогаш не ми е лесно,се случува едвај да чекам да седнам во автобус :( и јас си плаќам карта ;)
     
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас станувам на: мајки со деца, бабички и дедовци и на натоварени жени.
    Не станувам на: бабишта кои се декларираат како стари скопјанки. Е баш искрено ќе признаам дека ми одат на нерви. Имала сила и живци да ја истапира косата и да ја направи ко пајажина, да не и штрчи ни влакненце, да се исфарба, да стави молив на устата, руш, римел и кармин- а изнемоштена е да се вози во автобус. Епа не може! Не станувам и крај. Уште ако земе да ми префрла над глава, како тоа младината е некултурна, е тек тогаш око не ми трепнува.
    Oсобено сега со бесплатново возење на пензионери....... :x
    Се качуваат од прва до последна станица и само си наоѓаат некој за муабет. Страшна работа е староста :(
     
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Станувам на постари едноставно ми е жал да ги гледам како стојат. Трудна жена не сум видела во автобус досега. Еднаш не беше премногу полн автобусот, сите места беа зафатени а само 2-3 (средношколци) стоеа. Пред мене седеа две девојки 18-19 години и цели 5-6 станици не зборуваа ништо само то тоа мастиките балончиња правеа. Епа ми пукна филм и незнам што се не им изнакажав. Уште како што ми беше лош денот...да ми возвратеа па ќе им ги залепев тоа мастиките во коса!! |( |(
     
  19. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Колку ме нервираат таквите ситуации. Некои баби или дедовци цел ден си лежеле си уживале чорапи плетеле сега влегуваат и според непишаното правило да се отстапи место на постар некој помлад преморен,болен изморен ќе треба да стани,а ако не стане одма груб испаднува. Мене некој ден ќе ми дојде да им се развикам дури па што јас не сум човек?! Ако сум помлада не значи дека имам сила и енергија да летам,а не пак со саати да седам на нозе. :envy:
     
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Станувам само на стари луѓе (над 70 години), на родител со дете, на трудна жена, на натоварени луге, на некој ако му е лошо. За сите други лошо ми е ако треба во кома паѓам :lol: и така на секоја станица додека се качат после оп одма ми е добро :D до наредна станица. Многу ме нервира кога ќе видам некоја наконтена со бунда, со гердани, намирисана, налицкана и да ти каже стани за да седнела госпожата, а притоа не се ни извинува или да каже на пример лошо ми е туку без пардон стани. Совет за да не ве стант не седнувајте напред иако тоа не е гарнција ама сепак повеќе стануваат напред. И многу ме нервира гужвата во петок ради пензионерите, колку е добро толку е и лошо зашто на многу од нив им прднало да се стегнат до зелен пазар или бит пазар зошто компирот таму бил поевтин два денара. Да имаат некоја работа да, ама за вакви глупости само непотребно гужва праат и притоа стануваат луѓе кои биле на работа и се стварно уморни.