Порано станував на трудници и пензионери , ама откако го воведоа пензионерски петок и вторник , станувам само на трудници
Секогаш, без исклучок станувам на трудници на мајки со мали деца, и на луѓе со посебни потреби. Нормално, и на вистински изнемоштени луѓе, а не на сите пензионери, кои знаат да бидат и премногу дрски. Е тогаш не им станувам и крај.
Јас не сум од Скопје ,но студирав таму,а интензивно со автобус се возев само 1 год,затоа што претходно живеев блиску до факултетот.И така на почетокот се чудев како можат помладиве толку да се безобразни,да не стануваат на постар,големо чудо ако поседиш на нозе.Но,со тек на време сватив,дека како прво стариве се мн дрски,како да го искористуваат тоа што се стари па сеа главни сме во автобусов може да се понашаме како сакаме,и цел живот секој ден да одиш ваму-таму со автобус неможеш нон стоп на стари да отстапуваш место,затоа што секој ден ќе треба на нозе да стоиш.Затоа мислам дека треба да се отстапи место на стари лица но кога има премногу гужва во автобус ,зошто ајде кај што стои ама и да ги туркаат тоа е многу,или пример од на пазар со 100 кеси греота е да стои...и мразам кога ке ми го залепат стомакот до глава демек стани,е тогаш за инает не станувам...А ДАЛИ НЕКОЈ МИ ОТСТАПУВАШЕ МЕНЕ МЕСТО КОГА ОДЕВ СО АВТОБУС ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СО ПОГОЛЕМ КУФЕР ОД МЕНЕ???Ц Ц Ц
na nikoj ne treba d amu se otstapi mesto ,koj si go fati prv stolceto toj..taka mn me neriraatnekoi zeni ke me izdiksaat ama ne im stanuvam ja sum si platila karta sve regularno i so ima da im stanuvam so ako sum pomlada kaj pisuva deka na mladite ne im se sedi ...aj da mu e loso na nekoj ajde ama vaka,ako sakaat da sedat neka si idat so taksi !!!! [mod-kirilica:3tc1kob3][/mod-kirilica:3tc1kob3]
ма не отстапувам на никого, после мене да ме болат нозете ли? шала на страна не користам многу автобуски превоз но кога го користам ретко отстапувам само на постари.
Место им отстапувам само на бремени жени, и родители со мали деца. А на овие стариве што си се возат во вторник и петок во никој случај, им викам и јас не можам да стојам цел ден сум на нозе и ги ставам на игноре ( пошто знаете следат коментари невоспитани млади, бла, бла .... ) нека си зборат ако немаат работа, јас си плаќам карта. Денеска ги слушам едни дедовци - "еееее Трпе ( ова вака си го треснав имево пошто го заборавив на дедето ) кај си бе? " - Еееее еве сум бе , БЕВ ДА КУПАМ СИЈАЛИЦА од овие ЕКОНОМСКИВЕ ( мислеше на економични) се идело по една сијалица на пазар во вторник бесплатно.
Пензионериве почнаа да се однесуваат како да владата им има резервирано место во автобус а не само бесплатен превоз. Во петокот кога се возев беше неиздржливо смрдливооо Како што се ближи лето се повеќе размслувам за алтернативни начини на превоз .. Да не забегам од темата станувам само на натоварени жени, трудници другиве не ги ни приметувам.. Пред некоја недела добив сто прекорни погледи зошто седев ама никој не ме дигна од столчето. После се качи една жена со ќеси од пазар, пустата цела натоварена и не можев да не и станам.Другиве се чудеа со што она го заслужи столчето Би се заблагодари и дури кога се ослободи столчето до неа, го чуваше за мене и ми кажа да седнам.. Срцка
Јас ептен ретко се возам, 5 пати се иам качено максимум во животот (не дека ми е под ниво, туку не сум имала потреба, да се разбереме). Од градот каде што потекнувам немаме градски автобуси, а низ Скопје си идам пеш. И оние малку пати што се имам возено ниту еднаш не седнав, дури и да има слободно место. И секаде така каде што има столчиња јавно никаде не седнувам (пример чекање ред ви болница, во полициска станица...). Сметам дека секој е позаслужен од мене за тоа столче и затоа отстапувам на било кој
Ке му отстапам место на тој што ке ми отстапи мене, на тој принцип што ке стане да седнам јас, а јас ке му речам, уживај, седи си (ке ми се изгужва сукњата).
Во принцип, секогаш стојам во автобус (повеќе калории се согоруваат ) па така немам проблем од овој тип. Место, дефинитивно треба да им се отстапи на постарите лица, без оглед дали изгледаат изнемоштено или одморено затоа што седеле дома цело утро (како што некој спомна во претходните мислења). Сепак, не е исто да стоиш простум на 20 и кусур и на 60 и кусур. Исто така, бремените жени и жените со мали деца имаат предност
Со автобус не се возам ретко освен кога патувам Не ми се случило некој да ме стане Доколку треба да станам за некого тоа ќе бидат стари луѓе(баби и дедовци),на деца и ако на некој не му е добро
Во автобус не отстапувам место затоа што не ни седам. Преферирам да стојам што е можно поблиску до вратата, за после да не морам да се туркам кога ќе дојде автобусот каде треба да се симнам. И онака се 10 минути во прашање, максимум. Како и да е, кога седам, тогаш најверојатно автобусот е празен, односно имаше уште многу места за седење, или пак сум претерано утепана од школо. Во иднина доколку бидам во состојба кога треба да станам би го направила тоа за бремени жени, мајки со мали дечиња или пак некое навистина старо и изнемоштено лице. Некој за кого гледам и сметам дека има потреба да го преседи патот. На стари жени кои ми се антипатични уште од прв поглед, не им станувам затоа што кога имав 4 години во автобус една жена ме направи лом што сум седела, и мораше цел автобус да го чуе тоа. А јас мало, кревко, едвај стојам, ќе се скршам од што сум слаба, затреперев цела и со насолзени очи ја гушнав баба.
На инвалиди, бремени жени, стари, изнемоштени, немоќни, луѓе на кои им е лошо или на мајки со деца. На арогантни старци расположени за карање и мрчење кои се возат во автобусиве во вторник и петок само заради тоа што на зелен пазар гравот е поевтин 2 денари, епа не им станувам бе!
На апла изморени, стари лица и на бремени. На оние теткицине што ти висат над глава не им станувам, ама никогаш.Многу пати и јас сум била преморена, пред добивање и кичмата ме убивала, па да не ме прашал некој.
Па најнормално на стари ... бремени Последен пат се возев во новите автобуси и мислам последен пат и ке ми биде .. кај се погоди ден кога е бесплатен превозот за пензионерите Автобусот полн , младиве никако не им стануваат на старите и настанува кавгата Ама и старите безобразни се Јас еве бремена сум , и пак стојам и гледам да не сметам на никој да не не може да се симне ама да ме буташ ко стока е Не ... Не знаат фино да замолат да се потргнам за да се симнат туку се бутаат
Да станам? Ретко седам, а уште поретко ќе станам на некој. Значи има толку арогантни старчиња, кои плачат да ги треснеш со бастун по глава, а не па да станам за да седнат. Ако видам еве ептен некој некоја изнемоштена, која, кој заслужува да станам, ќе станам, а на бремени жени секако, за нив станувам одма.
Секогаш станувам на постаро лице, бремени жени, мајки/татковци со деца, па и на врсник ако убаво ме замоли. Тоа е моето домашно воспитување, нема да ми попуштат вените ако 15 минути постојам во автобус. И на дрските им станувам, ако тие не чувствуваат срам така бесрамно да те „истераат“ од столче, тоа е знак на нивната култура. Јас немам намера да ја докажувам мојата со тоа што вербално ќе се пресметувам пред други луѓе.