Треба, да. Ама на тие што треба да им се отстапи, низ нос ќе ти го извадат ако не им станеш. Станувам на стари луѓе кои едвај се движат, бремени жени, но и стари луѓе кои се крајно некултурни од проста причина што нивниот менталитет и основна култура е сведена на нула. Извинете, ама никој не може да застане во нивна одбрана, доколку не сте почувствувале какво е тоа нивно изживување секој вторник и петок.
Обавезно станувам на стари и изнемоштени лица, мајки со деца, хендикепирани личности..Ама ептен ми е глупаво кога ке дојде некоја фрцла на 18-19 години на штикла 10 цм. и ми вика АЈ МА СТАНИ МЕ БОЛАТ НОЗАТЕ ОД ОВИЕ ШТИКЛИВЕ МНОГУ СЕ ВИСОКИ НО МОДА Е ЗАТОА ГИ НОСАМ АЈДЕ ГИТЛА - е на ваквите ова им го правам
Ке отстапам место само на оној што ке го видам дека навистина неможе. Старо, изнемоштено лице, лица со посебни потреби, бремени жени/родители со деца или работник на кој уморот му се чита од лице. Дури и нема потреба да ми каже, самата ке станам и ке го поканам да седне. А не некој да ми тртори над глава, да ми се клешти за тоа како сме невоспитани и немаме почит спрема постари. Па е**те, со тој дебилски речник и муабет, ако ти немаш почит спрема мене, јас спрема тебе пак ич, па труби колку сакаш до миле воље, јас вклучам игнор, па нека си лае ако нема попаметна работа. Има сила бе да ти рика над глава, цел ден да бара 1 денар поевтин кромид и урда, а нема сила да стои 5 минутки нели? Па после да им станеш за со триумф фаца да седне и да зјапа надвор како да е кралицата Елизабета на прошетка низ дворецот. Е нема! На! Што? Може јас дента сум поуморна од некој на кој му прднало да искористи бесплатен превоз за да пазари за помала пара или само да прошета. Или не е битно, битно кожата на лицето ми е оптегната што автоматски ме прави поиздржлива од нив нели? Море за таква сељачана, најелитното превозно средство на кое заслужуваат да се качат е трактор.
Секогаш кога ќе видам постари луѓе,им отстапувам место да седнат.На пр.сега скоро беше една женичка што влезе неможеше да стои сирота и и станав да си седне,но културна жена ни да зјапа ни да мрчи над глава,јас самата ја видов и станав.А,мрчатори ме вадат од такт,една случка во бус петок беше,бесплатно нели абре тоа стариот со цел автобус се искара па не дава да седнат други луѓе зашто на другото седиште ТОРБАТА му била е на вакво себично створење не станувам па ако сака 1 саат нека ми дрнда како ние младите осет сме немале.И на бремени жени им станувам,жал ми е да не падне како возат овие ,и на мајки со малечки деца што неможат да стојат.А,на некој што ми изводи НЕ!Па колку сака нека се дурли.
Порано многу често отстапував место во автобус, особено на постари луѓе. Ама откако им дадоа бесплатен превоз на пензионерите, видов колку безобразни можат да бидат! Сега станувам само на постари за кои ќе видам дека навистина не можат да стојат, на бремени жени или на лица со посебни потреби. Пред некое време се возам со автобус накај дома, и влегува една пензионерка, госпожа, дотерана со јака шминка и некакви си пердуви на глава и вика: Ајде децааа, станувајте! Ама тоа го кажа небаре ние сме должни да и станеме. И многу нормално, сите со презир ја погледнаа и никој не и стана. Па почна да мрчи, да зборува гласно како денешните деца се невоспитани, па и да колне. „Ѓаолски деца“ сме биле ние што не сме станувале
Станувам на постари сама, зашто мене ми е непријатно и безобразно да седам, а баба/дедо да стои. Едноставно автобусот не ми е место за куропецање, на стар човек станувам. Ако е неваспитан, за себе е, не за мене. Јас секако ќе станам, ако он/а осеќа потреба да се мери со некој 40 години помлад, у реду, им личи.
На мајки со бебиња/дечиња, инвалиди и лица со било каков вид на хендикеп и на стари, потенцирам изнемоштени лица, но не мислам на стари, но релативно фит лица кои ќе те прелетаат само за да седнат на местото на кое целиш да седнеш ти.
И јас обавезно станувам на постари луѓе, на бремени жени и.т.н за тие работи сум ептен осетлива. Еве вчера баш ми се случи кога си идев од факултет во автобус до мене застана една повозрасна жена, мислам доста повозрасна од мене и јас станав таа седна. Значи не го правам тоа бидејќи тое речено дека така треба да биди туку го правам оти така се чувствувам дека треба.
На стари лица што одвај стојат, на бремени обавезно, и на жени со мали деца. А некои стари и не ти се ни благодарни дека си му го отстапил местото и тоа ми се има случено, е тогаш како се нервирам
Не ми е проблем да стојам во автобус и баш одбегнувам да седам поради вакви избрзани реакции од стари. Сама станувам на мајка со дете или некој постар што му се чита од лице дека е изморен и не може да стои, зошто од Тафталиџе до Центар можам да издржам фала богу. А на некоја бабичка што е дотерана ко да има 20 години е поживната од мене, не. Не станувам и на такви што ќе те потепаат за да седнат, или некој намќорест ќе се погоди па уште лекции ќе почне да ти држи.. е за инат ако треба цели гругови ќе си вртам по Скопјево со ЈСП, ич не ми е гајле.
Според мене место во автобус треба да им се отстапи на постари лица,бремени жени...многу ретко се возам во автобус но се сеќавам дека кога и да сме оделе на екскурзии во автобусот ако нема место за класната кај да седне секогаш прва станувам...сепак постара жена од мене е,нека седне,можам да постојам...А на такви какви што споменавте,ако ми мрчат над глава и јас не би им станала па што сака нека биде.
Абе најнормално дека треба да станеш на постари лица, кои се изнемоштени, бремени жени, тоа уште повеќе и слично. Не е тоа некое правило, но сите треба да го имаме од општа култура. Не ми се случило до сега никој да ми побара да станам или да ми мрчи. Но, имам неколку пати станувано да седнат постари лица на моето место. А пак, ако е вторник или петок, обично секогаш стојам, и да има неколку слободни места знам оти стариве ќе се качат и пак ќе станувам. А за 10 минути, ништо нема да ми е, фала богу. Сепак, во последно време, некако ме фаќа мрза, а и скоро секогаш сум изморена оти не сум се наспала убаво, или пак сум тепала време на факултет, и цела папсана што се вика, давам игнор на сите, ма баш ми е гајле. Треба сама да се искарам за ова, али јбг ... Ај, ќе ми помине
разбирам нив им треба место стари се ен ги држат нозете ама па некогаш и јас сум преуморна после помианти 9 часа на училиште и мене не ми е дојдено до стоење..ај кје станам не ми е проблем..ама што би рекла другарками шо кје му станвам на некој изживеани..искрено мене не ме мрзи ке станам и јас поке сакам пешки да си ом ама од пуста мрза не го прам то па морам со автобус а сеха ич не ми се влегва да стојам од простум некој кје застани кје се фати за железото горе раката крената и на цела мака ти мирисај му ја мишката ..или па ке седниш и некој стар ке ти дојди и со празо со кромидо ....ии убајна диши
Им отстапувам место на бремени жени,стари лица,лица со посебни потреби... А на други лица само ако ми кажат станувам
Станувам само на постари лица на кои навистина им е потребно слободно место и на бремени жени со дечиња. Грев ми е да ги гледам како се измачуваат во гужвата а јас да седам колку и да сум изморена од школо или каде и да сум била. А на некои напудрени теткици, со тОООлкави шешири и наочари, кога ќе ми речат да станам.. ,, Девојче, може ли да седнам'' own: НЕ, НЕМОЖЕ! Дури некогаш се правам и дека не ги слушам..
Петок, убав ден. Влегува бабичка и и вика на девојката што седеше "Ајде стани,јас да седнам".. оваа се прави дека не ја слуша и кога почна бабава "Денешнава младина нема култура, бла, бла.. оф леле едвај стојам.. неможам повеќе" Девојката слезе на следната станица и и викаме на бабичкава да седне таа, ние сме стоеле толку за уште малку не е проблем, а таа "Не, не.. ќе си стојам јас" А, цело време само офкаше, само цивкаше, мелеше како празна воденица,а после можела и да стои не било проблем. Јас би отстапила место на секого. Културно да ме замоли, со задоволство. Ако е некултурен и се придерава, ќе станам зошто не сакам драми и сите да го слушаат. Нека си седне,ако му е дојдено до едно седиште во автобус.
Да, конкретно за постарите, треба да се отстапи место, ама јас сум рекла - доколку се културни, ќе станам. Ако некој сака да седне, може културно да ме праша и јас културно ќе станам. Ако бараат јас да ги почитувам, сакам и они убаво да се однесуваат со мене, не барам многу. А кога некој влага во автобус и ми виси над глава и уште коментира наоколу, или стандард муабетот - Млада си блабла.. е тогаш не станувам. Кога може да се пентарат по скали во двокатнине автобуси и чим за шетање на пазар не ги болат нозе, а во автобус ми глумат лудило, е многу ме нервираат!!
На стари, тудници, жени со мали деца да, али на некои што глумат лудило не им станувам. Се случувало и по цели денови да окапам на факултет, глава да ми пука и да морам да седнам. Ете ти ги теткиците со триста кеси во раце од џенем, дошле на Бит пазар да изнакупат и ќе ти застане над глава,а тебе ти се плаче од мирисот на празот во кесите, а кога ќе и станеш, не седува таа туку кесите ги става на седиште. Е сега ај за кесите да ги стави, да не седи некој што стварно не може. Па имаш на крај на автобусот пошироко место каде што ќе можеш да ги спуштиш стварите долу...
На постари лица од мене,и на трудни жени!! Не е убаво да гледаш дека некој постар стои,а ти да седиш..