Не е дека сум некултурна ама на никој не станувам..освен на мало дете и трудница со гоооглем стомак. Вторник и петок идам на играорна таму скокам цел саат и изморена цркната што се вика ќе влезам во автобус и ќе се појави старица со зеленчик..и се жали неможам да одам нозе ме болат вака било така било а јас што да праам? И мене ме болат па ќутам..ако има место седнувам ако нема стојам и тоа е тоа. Многу логично ако неможеш да стоиш фати си такси..никој не ти е должен да ти станува само затоа што си го свртела цел битпазар.
^ Па и ти си земи такси ако си изморена. Јас станувам на стари луѓе,на некои не толку стари и на помали деца, а да и на трудници. Мене ми е многу непријатно јас да седам, а некој да ми висне над мене, поготово ако е постар. Затоа и многу ретко се возам во автобус, ем иста цена. Автобусот ме носе за 20 ден. оти немам бесплатна карта, а и со такси ако се собереме 3-4 души по 20 дадеме. Еднаш во автобусседнав на првото седиште и застана до мене едне повозрасен човек. Не беше којзнае колку стар, ама јас 5 пати го прашав ако сака да седе да му го отстапам местото. Човекот од работа си иде уморен зошто да не би му го отстапила местото.
Искрено, немам разбирање за никого.Ако имаш доволно сила и ако си доволно здрав за да излезеш од дома, значи дека можеш и да стоиш во автобус.А ова посебно важи за пензионерите, бидејќи знам точно што прават-искачаат од дома само за да не бидат дома, не затоа што имаат реални обврски.Си се шетаат по град, од автобус во автобус и мрчат на сите што имаат помалку од 30 год.Освен ако не приметам дека некој стварно има проблем или па, ако стварно многу мрчи, тогаш не станувам за никого.Во последно време, во кој автобус да влезам нема слободно место, па најчесто си стојам.Така, никој не ми мрчи и не се замарам со тоа дали треба да станам или не
Патувам само 5 мин со бус секој ден во еден правец што значи дека и да постојам, нема лошо. Ама кога одам во некое место и треба да се возам пола саат со бус се седам и не станувам. Единствено би станала за трудница со голем стомак, а за старци не. Не сум некултурна ами овде има мнооогу, ама мнооогу стари лица и ако почнам да станувам за сите нема никогаш да седам во бус
До пред да биде бесплатен превозот за пензионерите станував па во еден период само вторник и пекот не станував. Но сега откако се воодушевив од нивната некултура и простотилак не станувам (ептен ако ме замоли некој). Попрво ке станам на некоја жена 50-годишна која не е пензионерка и најверојатно се врака од работа. На трудници отстапувам место, на жена со дете исто така. На релација од подолго патување одма не, ама после некое време на тој што стои му понудувам место (кој и да е).
Колку и да се некултурни, досадни, дрски на повоздрасните баби и дедовци треба да им се отстапи место во автобус! Ako ништо друго барем од почит кон постари, сите ние ќе дојдеме на нивно место еден ден т.е дај боже да си дочекаме Не се возам кузнај колку често, не за друго многу блиску живеам и до факултетот и до се Мене ми е незгодно некоја стара баба изнемоштена со кило торби да стои јас да седам. 10 минути можам да издржам да постoјам, нема да ми се скршат нозете. Не ми се десило до сега некоја да ме стане некултурно, па ни културно Еднаш знам бев преуморна, премзната и се качив во 22 и од 7 станата со лаптопи и чуда на мене, а една постара жена, во педесетите стоеше до мене. Тогаш со пиштол да ме стануваа немаше да станам Инаку станувам жал ми е многу, греотка се така мали натоварени како нинџа желки ми се
Скоро секогаш станувам, затоа што ми е жал да ги гледам како во секој момент ќе паднат. Во тие на кои им станувам спаѓаат: жена со дете, стари баба и дедо, преморена жена со кеси... Единствен случај кога неможам да станам е кога сум преморена и има толку гужва во автобусот што нема каде да се фатам, па само ме туркаат и газат.
леле ама ми се има погоди темава , јас не сум од Скпоје ама студрам таму и живеам таму, и многу менервира пензионерите едноставно ги замразив иако и јас самата имам баби и дедовци пензионери. Во мојт град има автобуси ,ама ретко луѓето се возат или најчесто има место и ретко кој стои. Во Скопје најчесто стојам, и ретко седам, ама досега два пати сум имала непријатни ситуации. Не се возевнанекоја мн долга релација ама многу ме болеше стомакот и имав грчеви и ми бесе многу лосо ама бев принудена поради некои обврски , да излезамод дома и бев многу среќна во 22ка што си најдов место. И одеднаш кај рекорд се изнакачија еден куп луѓе и сите стоеја, и влегоа две бабишта и едната седна спроти мене ,а другата ме фати за рака и ме извле4ка да станам,бидејќи јас не ја ни забележав неа гледав низ прозорецот и цела бев бледа за никаде, а на назад имаше деца 7-8 оделение машки што си седеа никој нив не им замери, од немај каде клекнав од болка, и видов не видов за среќа брзо стигнавме до станицата на која требаш е да слезам, премногу ми беше лошо инаку добро ќе се искарав со скопските стари госпоѓи. Вториот пат , немаше гужва во автобусот , ама сите места беа зафатени и едно момче колку мене или можеби малку постаро ,стана и ми рече да седнам, ми го отстапи местото и само што седнав, ете од задна врата влегва еден пензионер и ми прај ајде стани на постари се отстапува место знајш како е редот и видов не видов од култура станав и само колку да се осети и тој малку незгодно му реков на детето сепак фала со ми го отстапи местото и двата не убо го изгледавме тој занесениот стар господин, што по 2 станици слезе. колку и да е стар можи 2 станизи да издржи стоејќи. Што е ова тие скопските пензионери прмногу се флегми и многу се замислуват кој знае кој се, ете и дедо ми е пензионер па во автобус години се нема качено здрав прав е и на 75 години без проблем два пати во денот по 5 километри пешачи, а ко ќе е убаво времето и по повеќе километри пешачи заедно со неговите пријатели. НЕ е ко скопските кренати пензионери со не мозат 2 станици да постојат.
Нормално на постарите треба да отстапиме место во автобусот...Јас не патувам со автобус многу ретко и не ми се има случено да се возам со некој постар или пак да нема место секако доколку би се случило би отстапила место на постарите
Не се возам во автобус многу често, но се разбира треба да отстапиме место на баби и дедовци како и жени со дете или бремени жени
Досега не ми се има случено да ми рече некој ај стани те молам Иначе му отстапувам место на жени со дечиња бремени жени стари баби и дедовци или на некој човек или дете кое не е нешто во ред.А многу мразам луѓе на кои му отстапуваш место без да ти рече и кога ќе седне ни едно Благодарам не викаа Не мора кој знае што да правиш барем речи едно Фала или Благодарам што ми отстапивте место!Уфффф луѓе без осетт
Постари луѓе и бремени жени. Од култура тоа. Мразам кога ќе видам дечиња испоседнати а повозрасните седат на нозе. Порано кога ке видев така се инатев и не станував и јас, ’’тие се помали, тие треба да станат’’ си меслев. Но сега сфатив дека ако тие немаат култура не мора и јас да се покажувам како таква.
Станувам само на бремени жени, на жени со деца и на стари изнмоштени лица кои не можат да стојат, другите само ги игнорирам. Не мислам да се спуштам на нивно ниво, па да се дерам и да правам скандали. Имам преживеано мн случки по автобусиве, ама само една никако да ја заборавам: Пред некој ден се качив во 5та и затоа што имаше слободно место седнав. По 2-3 станици се качи едно старче со бастум за кој ми падна жал и кога се доближи станав. Арно ама позади мене стоеше една теткица која кога јас станав се избутка, го бутна старчето на страна и седна на местото. Јас тогаш останав ваква . Не ми се верува коклу малку култура остана во државава. Они на мене ќе ми викаат некултурна, а прават вакви работи. За срамота е!
и јас така правам само доколку ми е нешто битно да речеме наставник или професор(не дека ми се битнесмо да не ставам добар впечаток) на нив станувам или на постари,+ со исклучок дека ги прашувам дали треба да станам тие ми велат не и криза немам тоа е мојот спас инаку каде ми е крајот
На постарите се разбира. Без разлика дали тие се 10 20 или 30 години постари од вас. Мислам нормално е,култура нели.
Според мене на постарите, на изнемоштените и на трудните жени (уште ако носат дете со нив...). Секако, не на 1 год постаро лице од тебе, да се разбереме. Обично станувам од култура, не се правам некоја фраека и да дремам на столче, а тој/таа над мене да стои.