Jaс отстапувам нормално трудни жени(иако ретко да ги најдеш у автобус ),и на постари луѓе..Но мноооогу ме нервираат старцине Еднаш бев у автобус и чекавме да тргне (на прва станица)и дедо ми беше со мене,и ми рече да му почувам место..и јас седам на две седишта..И одеднаш влегува еден старец,и гледаа деца кои исто така чувале место за баба им и дедо им (ама 7 годинки мали)и старецов им вика станете и овие ама неможеме чуваме...Кога почна да лупаа да се дере И доаѓа накај мене,и вика тргни се да седнам и јас викам ама чувам за дедо ми..Еден поглеед и се тргнав..И после дедо ми стоеше он да седи А нормален,не да речеш да неможе да оди.И мн случки сум имала со овие ненормални дедовци и баби -.-
Кога не сум уморна воопшто не седнувам..а ако сум изморена ако најдам место веднаш седнувам.Па кој сака нека ми рече стани.. Е сега ептен ако има некој без рака,без нога,без глава тогаш ќе станам или пак ако видам некој дедо/баба секој момент можат да се струполат...или пак ако ПРОЦЕНАМ дека мајката со децата е преморена.Сепак и во вакви ситуации ретко.. А не некоја тетка со 45-50 години па уште со штикли..па ако неможе да стои што облекла штикли..
Станувам само на бремени жени или на дечиња, на никој друг. А оние старцине колку сакаат нека зборат, секогаш се вадат како они се стари и ги боли се, па тогаш што воопшто си искочил од дома ако не си во состојба да се движиш...Ќе начекаат гага и не знаат за стоп
Јас станувам на бремени жени и на деца и ако не е вторник или петок се случува да станам на старциве може стварно си имаат некои маки. Инаку вторник и петок ако треба ќе се тепам со пензионериве али битно е нема да им станам...
Една случка што се случи пред некој ден. Седам јас во автобус и доаѓа една со 3 деца, децата имаа околу 6,7 години. И мене ми вика ај стани да седнат дечињава, без никакво ,,ќе можеш ли, ќе те замолам да.. ,, пред реченицата. И јас онака океј, викам ај децава да не се буткаат низ автобусов ај ќе станам. И јас како што станувам децава со брзина на светлината седнуваат и мајка им кога ги виде им вика:,,Ај станете одма јас да седнам, вие фатете се ондека,, . И цел автобус накај неа ваков беше , со wtf фацички. Ми се чинеше да и се завртам да и ја зашамарам една, али џабе на таквите.
Јас остапувам место на луге поголеми од мене. А на пензионери обавезно греота ми е да ги гледам како стојат а јас да си уживам
Им отстапувам само на бремените жени иако многу ретко можеш да ги видиш во автобус. И на пензионерите понекогаш им станувам, но оние кој дрско ми се обраќаат НЕ
Станувам само за да седне бремена жена. И на никој друг. Добро некои баба и дедо кога ќе видам дека ептееенн неможат станувам, а ако можат не! Можеби звучи некултурно, ама ете таква сум. На крај па и јас плаќам карта и тие, кој си фати место- негова среќа. А на децата во никој случај не им станувам, бре бре, и онака за деца до 7(мислам така беше) години не се плаќа. Во скут нека си ги земат!
Станувам на луѓе со деца или на повозрасниве кои што се враќаат од работа. Кога ќе ги видам, си ги замислувам моите така, изнемоштени како се враќаат од работа и се бесат по шипки и стварно ми е неубаво. Заслужуваат луѓето, поготово жените, зашто знам што ги чека дома и сигурно нема нозе да дигнат во вис. На пензионери не станувам. Ем не плаќаат, ем не мора да се возат (да бидеме реални од 50пензионери у еден бус, 2,3ца идат на лекар, другите на шетање, понекогаш на лекар ради шетање). Ми се десило и тоа, некоја пензионерка по сабајлечки, дождливо утре, да ми се обеси над глава и чадорот да го држи над моите нозе, за да ми капе, упорно и намерно. Е на таквите ич не им станувам, да ми рече подобро ќе разберам, него да ме предизвикува. И неколку пати ми се има случено да ми се слоши во автобус, мене ми ослободиле столче жени што се враќаат од работа, со разбирање, без да им кажам забележуваат, а бабите и дедовците...битно да се прошетаат и муабет да си напраат, па макар и едниот седи напред, а другиот на задње столче
До пред некој ден не ми се беше случило некоја живчана и искомплексирана баба да ја слушам да се дере по младите низ автобус. Али Боже мој, и тоа го доживеав. Вторник беше, и фино лепо, се качувам во 5ка, гужва ненормална. Си најдов брзо место до еден дечко и си седнувам. Одма по мене се качуваат мајка, татко и едно разлигавено дете од 3-4 годинки, кое плачеше оти немало место за него да седне. Па ај оваа мајката дигна едно девојче за да седне детето, али јбг, не седна детето, седна таткото. Оваа бабава, се фати за едно седиште пред моето и почна со нејзиното кукање ... Цццц, каква била оваа младина?!? Сите млади седеле, старите стоеле, боже, боже, до кое дериџе дојдовме, ццц ... Ја гледам, цела накинџурана, накитена, нацрвена, јас станата од 9 саат, цел ден со 8ца штикла сум се маткала по факултет, по ваму по таму, нозете ненормално ме болеа, цела бледа, гладна и изнервирана, ми идеше да и речам да се гони во три лепе бре! Ние сме немале култура! Јас имам култура и многу фино домашно воспитание, али и јас си имам проблеми бре, а не само ти! И не заврши таму бабичето ... Пет минути трескаше зелени, па овој дечкото до мене што седеше стана и и рече - Ај седнете, доста кукате, неш така. И оваа не кукала, она и станувала, а не ко нас! Иди бре, тикварка невидена ...! Е на такви, можат слободно да пукнат, али јас не им станувам!
станувам на бремени жени, некој со дете што е, на стари станувам само ако проценам дека треба да станам, доколку некоја старка ми се испонаша дрско не станувам па што сака нека е една случка и од мене се качувам во комбе за ск, среќа имаше слободно место па седнав, по мене остана само едно слободно место и се качува свекрва со снашка, снајчето јадно 8ми месец бремено од жал да го гледаш, а свекрвата дотерана, нашминкана, штикла пуца можеби беше и 10см, намеришана ни се згади во комбито и кога го виде вампирката местото си ја немести задницата и почна да вика ајде деца нека стане некој па снашчето ми е бремено како ке стои и.т.н почна таа да реди, ја слушавме така неколку минути и ми пукна филомт па кога почнав јас да и редам на неа, па по мене и сите останати лом ја направивме, дури потоа станав да седне бремената, ама важно старката се закопа во тоа седиштето и глас не пушти цел пат, а снајчето да е живо и здраво кажа фала не само за местото туку и за свекрвата што сме и го покажале местото редно било некој да ја заќути
И ЈАС ЗА СТАРКИВЕ ДРСКИ ТАКА МИСЛАМ БИДЕЌИ ЕДНАШ И СТАНАВ НА ЕДНА ДА СЕДНИ А ТАА НЕ МИ СЕ НИ НАСМЕВНА ОД ТОГАШ МИ НЕМА ТЕКНАТО
ааааааа ке станувам нема што они на мене ке станат ли на мене некогаш ми се има случено изморена и баш на некој ке станам мислеш само јас сум во автобусот (можеби некој ке ме осудува но тоа е моето мислење).
Вторник и петок не ни седнувај смао не ми е јасно, зашто да станам ако ете патувам саат време, зашто некој неможе да стои? а јас можам? ако веке било кој решил да влезе во автобус, треба да биде спремен дека нема да има слободно место и да стои, а не да се кара ако неке некој да стане, па од каде знае дека баш тоа дете нема проблеми или вртоглавици па мора да седи ? или мора бабата да зафати 6 места за да си ја стави и торбата и кесите и количката? од една страна е хумано но кога можеш да станеш, или ако гледаш дека на некој не му е добро, по секоја цена јас не станувам и точка, втрам глава и игнорирам околина додека не сметам дека навистина на некој тоа му е потребно! бабиштата и жеништата исфрустрирани
И мене неколку пати ми се има случено да ми речат девојче ај стани да седнам (старци). И сакала неќела им ја исполнувам желбата, не можам да се расправам. Доброволно станувам само на жени со мали деца и на некои стари, ама навистина што гледам дека имаат потреба од седење, не на оние бадијалџии што се возат гага вторник и петок.
јас само на бремените и на некоја мајка и ќерка а ако некој од стариве ме праша да станам тоа зависи дали сум расположена!!!