Последната објава од 16 мај и е: Почитувани корисници, Форумот на Кајгана е привремено недостапен поради технички потешкотии. Работиме на нивно отстранување, но процесот бара повеќе време од очекуваното. Во моментов немаме точна проценка кога форумот ќе биде повторно достапен, но очекуваме да бидеме онлајн во следните 3-5 дена. Ќе ве информираме редовно за статусот и ви благодариме на трпението и разбирањето. Кајгана тим. Исто така во коментар на објавата од кајгана: Мислевме 3-5 дена, за толку и успеавме да го решиме проблемот (барем, главниот дел од него). Добрата вест е тоа што првиот дел од операцијата помина без проблеми и цела содржина е сочувана. Во моментов се уште не сме онлајн, затоа што сите податоци се копираат на нов сториџ, а со оглед на тоа што на форумот има содржини кои датураат дури од 2005-та година, тоа е процес кој трае долго. Откако ќе заврши префрлањето на податоците, се враќаме онлајн на кратко, па потоа продолжуваме со планирана надградба која исто така може да потрае неколку дена. Но, сметаме дека е подобро да бидеме трпеливи додека целосно не ги закрпиме работите, отколку да се вратиме онлајн со ризик повторно да се случи истиот проблем.