И јас сум родена на постари години. Имам пишано дека мајка ми ме родила на 37 години, а сестра ми на 40. И двете со царски рез, заради возраста. Немала проблеми при забременување. Касно се запознала со татко ми и тоа и била среќата. Додека бев основно се чувствував многу чудно што сум родена на толку доцна возраст. Сите другарки беа родени на млади години. Гледам дека сега се почесто се раѓа на тие години.
Мајка ми не родила и двете природно. Инаку знам како си се чувствувала малку чудно татко ми имал 42 години кога сум се родила, и додека одев во градинка и кога требаше да ме земе децата мислеа дека ми е дедо и кога кажувам дека ми е татко сите се чудат некои од мојата генерација имаат баби на таа возраст.
Татко ми имал 34 години кога сум се родила, а 37 кога се родила сестра ми. Беше помлад од мајка ми. Ептен ми беше чудно што имам постари родители. Сите во моја близина (не само другарките) имаа млади родители. Се восхитувам на оние жени што се нафаќаат да родат кога се блиску до 40-тите.
На 27, со мене имало уште еден близнак ама не останал жив. На моменти чувствувам како да фали нешто од мене.
Па добро не значи дека некој маж или жена не смее да има деца ако има 40 или повеќе години, и неможе сите да имаат млади родители, еве кај мене татко ми кога сум се родил имал 35 а мајка ми 38.
Не реков дека не смеат да имаат деца на тие години. Се чудам како се нафаќаат. Јас не би родила на тие години.