Не знам зошто но најубаво ми е кога ке слушнам дека вашите мајки ве родиле на 35-36-37...40+ ... Можеби заради прерасудите и скептиците во нашево заостанато општество.... Само напред
Потоа кога тие родители ќе станат терет на децата,многу е убаво. Знам јас како е. Знам и дека сега се повеќе се охрабруваат жените да си изживеат прво па потоа да раѓаат. Ама потоа децата нивни каков товар ќе имаат, тоа никој не мисли. Да не можат да живеат затоа што треба тие да се грижат за стари изнемоштени родители. За 40+ ова.
Мене на 21, сестра ми на 23. Пред мене родила уште едно женско, за кое и кажале дека се родило мртво, дали е така само Господ знае.
Нема правило. Мајка ми родила две деца до 24год., па јас ги изгубив двајцата родители до мои 21... И во teen години 'не можев да живеам' зошто ги гледав и се грижев за нив дур се бореа со тешки болести, што ако имав млади родители. Така да, нема правила.
Мене на 19, сестра ми на 29. Јас ќерка ми ја родив 13 дена пред 37-ми роденден. Сега имам 38 и сум 10 недела со второ. Весела математика.