Епа мислете му ја сеа кога ќе раѓате, после нашите деца ќе пишуваат по форуми кога ги родила мајка им! Иначе мене мама ме родила на 39. Малце касно али како што некој веќе спомна погоре: кој не прашувал па нас тогаш?!
На 27 год. и да ви кажам една тајна...имам сестра близначка...чекани деца сме ние, после 7 год. мајка ми останала бремена. Злите јазици (комшики, стринки, тетки, јатрви...)му зборувале на татко ми дека е јалова и да ја остави. Имала спонтан абортус и не можела да забрамени. И оп после 7 год. упорност, трпеливост и љубов-изненадување две одеднаш... Всушност не ни знаеле дека мајка ми носи близнаци, тогаш немало три димензионално ехо и слушале мислам само откуцаи на срце, а јас и сестра ми т.е. нашите срца чукале синхронизирано. Дури на самото породување кое било долго околу 24-25 часа, макотрпно и исцрпувачки за мајка ми се дознало дека има уште едно бебе. Прва сум јас, а по 15-на мин. и сестра ми. И така само ние две сме, немаме др. браќа и сестри.
Мојата мамичка ме родила на 20 години. И јас сум единствено детуле. И доволна сум како за 5. (или барем јадам како за толку. понекогаш)