Можеби е оф топик, но ќе ми простите...морав негде да го кажам ова: Интересен феномен на форумов ми е следното: многу голем дел од членките кои запишале возраст кога останале бремени се во нивните 20ти години... Голем дел од тие членки биле дел од темата „Поддршка за сите оние што сакаат да забременат“ или „Вештачко оплодување“. Не можам да разберам, зашто се оптеретувале со таа тема кога се уште се мнооогу млади? Зарем не размислиле дека постои во животот, убавини кои се уникатни за тој дел од животот - убавите 20ти? Ако се во брак 3,4 па и 5 години - зарем сметаат дека целата убавина во овој дел од животот е само во детето? Да не бидам разбрана погрешно, бремена сум и сум многу среќна за тоа, меѓутоа за некој месец ќе наполнам 31 и се до пред 7-8 месеци не сметав дека имам проблем кој го заслужува целото мое внимание. Сега жалам затоа што оваа речиси цела година од животот ја поминав фокусирајќи се на некаков си проблем, наместо да живеам и да уживам во животот среќно и безгрижно. Ова би сакала да и го кажам и потенцирам на секоја девојка, жена, која во нејзините 20ти упорно копнее по бебе (или уште повеќе - се мкне по вештачки процедури за оплодување), кога во суштина има полно време пред себе за да чува деца. Слободата и убавината на животот без дете треба подеднакво да се цени.
Ако на 25 се одлучиш да родиш дете, а некоја на 35 и 3 години не можеш да забремениш, твоите 3 години побрзо ќе поминат? пократки се од тие на 35? Ако се обидуваш безуспешно исто е, била ти и 20 години. Некои проблеми треба години и години да се решат, а далеку од тоа дека ќе се решат со опуштање и уживање. Епа не е исто тоа да почнеш на 20 да решаваш некој проблем кој можда и 10 години му треба и на 40 кога веќе и годините те газат, и си на праг на менопауза. Се повеќе читаме статии за пареви кои се обидувале 10+ па и 15+ години за дете, епа не знам дали вреди секој месец порано отпочнување со лечење.
Прво - никогаш не знаеш дали воопшто имаш проблем. Дури и да имаш - се случува и тоа многу често - да забремениш кога најмалку очекуваш и покрај сите проблеми. Еве јас сум ти жив пример за тоа. Не вреди да се оптеретуваш со тоа на 20 години, воопшто. Со волку напредна медицина и со куп примери кои докажуваат дека доколку се опуштиш психички - ќе забремениш и тоа побрзо отколку што очекуваш, Да, мислам дека на 20, 23 или 25 години воопшто НЕ ТРЕБА да се оптеретуваш со тоа прашање. Покрај другото, тие патишта на лекување на т.н. неплодност се мачни и психички и физички. Тврдам дека жена до 29-30 години воопшто не треба да ги поминува затоа што оставаат траги и трауми кои ќе ја следат низ целиот живот.
Нормално дека не знаеш на старт дека имаш проблем, но ако си решен да станеш родител, а не резултира тоа со успех, не ни гледаш колку години имаш, не си даваш ни граница кога ќе почнеш, ко демек до 30 сум млад/а ај коа ќе остарам ќе се бориме, да не се трауматизирам сега. Уште полош е идиопатскиот стерилитет т.е стерилитетот од необјасниви причини, се бориш а не знаеш против што се бориш. Немаш проблем, ама немаш ни успех. Јас сум 26, се борам со стерилитет од пред речиси 2 години, знам дека сум млада и дека имам уште многу за живеење (теоретски многу) ама штом веќе тргнав по тој пат зар да застанам и да чекам уште 4 години па да продолжам, а сепак да не знам уште колку би имало до крајот?
26 ке се роди на 27.... не се согласувам со тоа да се ужива во слободата без дете а очајно го посакувате.... има парови кои по 25-30 години не можат да имаат деца. Денес за жал тоа е се почесто, членките само си бараат информации не мора да значи дека се работи за нив, може се работи за некој близок тоа ние никогаш може и нема да го дознаеме.Сите си имаме некаква мака и не треба да бидеме осудувани заради тоа што бараме решение.
Еве јас киснам во тие теми на мој 22 години , маж ми има 28 години и има азооспермија. Треба ли да чекам? Имав спонтан на 20 години . Дали ти вака размислуваше дур се обидуваше за бебе?
Да размислував вака немаше да ми побеле косата и да изгубам нерви предвреме. Затоа им посакувам на другите вака да размислуваат. Особено тие во рани 20ти.
Многу погрешно ја сфативте членката , таа само сугерира дека на млади години човек треба да биде побезгрижен а нервите да ги чува за понатака чунки цел живот го имаме за нервози и секирации. Јасно е дека ова е деликатна тема и тој што проживува стерилитет или неможност за потомок од било која причина ја доживува тешко и трагично но сепак не треба уште на 20 год сите да бидеме со побелена коса зошто сме наишле да некоја животна препрека и предизвик. На крајот од денот животот е еден назад не се враќа, налет ако 10 години од него треба да ги поминам во грч без да уживам во другите убавини кои ми ги нуди истиот.
Ако има проблем, дали си 20 или 30 не менува, ке си акаш по доктори ако сакаш да имаш дете во 20тите, само работата е што притисокот е помал за сметка на времето пред тебе што го имаш. Затоа порелаксирано ке си одиш на инсеминации и ивф. Право на избор е да имаш дете во 35-40 година-никој не смее да те осудува, а тие што сакаат до 30 години да исчуваат деца треба да ги осудуваме? Ако сака да има дете на 20- ке има дете на 20 па макар и со ивф..не знам што се буните...Секој со своите желби. А за шетање секако имаш фора- ако родиш порано ке си шеташ покасно и обратно Плус и карактерот има врска... Не тргнувај од себе, не си репер за затруднување-кога сите организми се различни. Луѓе со ист проблем не забременуваат во исто време...
Тргнувам не само од себе туку и од еден куп луѓе околу себе кои поминале низ истово искуство и кои го делат мислењето. Не би рекла дека притисокот поради соочување со неплодност во 20тите е помал за разлика од 30тите, притисокот е ист - ако не и поголем поради психолошкиот фактор - не можам да имам дете, а сум во најплодните години: што ли тогаш ќе се случува понатаму? Единствено се сложувам дека има врска карактерот, но уште поголема врска има средината и притисокот од неа - ставајќи ги овде и родителите и пријателите и сите тетки кои доколку си во брак неминовно ќе те прашуваат: ајде, кога дете? Секако дека овој притисок се зголемува со текот на годините, затоа и реков да си уживаат додека се се уште млади, затоа што тогаш мошне полесно можеме да се избориме со секаков притисок. Ако некоја толку сака да има дете на 20 години, нормално дека желбата треба да се почитува и никој не може да го оспори тоа, не знам кај прочита осудување? Амин, нека се потруди и нека нема никакви маки и нека си роди - што да не?! Мислењето ми е оформено од фактот што сите луѓе кои ги знам имаат толку голема желба за дете баш поради притисокот од средината што го спомнав погоре, а не затоа што они тоа го сакаат.