Прекрасно мојата најголема желба беше да имам близнаци ама за жал не ми се исполна со првата бременост го изгубив едното дете.господ да ми те исчува и со лесно
Оф бе душичке, жал ми е Еднојајчени ли беа? извини, немораш да ми одговориш,знам дека е болно. Ти благодарам на убавите желби. Да не чува Бог сите!
Нема гајле така требело да биде така сакал Господ.па мислам дека беше многу рано околу 7 или 8 недела ама јас имам едно ангелче кое има 3 години и сега си го чекам второто
Да ми ти се живи и здрави и двете, само убавини да ви се случуваат!!! Јас веќе 15та недела ја терам, двојајчени се, ми рекоа нема шанси да дојде до фузија од едно во друго бидејќи се со засебни плаценти и одвоено си егзистираат. Дај Боже да се во ред до крај! Поздрав мила и се најдобро
Во среда полна 14та, влегувам во 15. Супер значи тука сме си за поддршка, убавини! Со лесно и со песна да ни минат трудничките денови