Јас на 27 пред роденден, на 28 родив. А за второ здравје, нека даде Господ пак. Туку сите што сте останале над 30 алал да ви е, ви се восхитувам. Јас со моиве некогаш апокалиптични мисли забегувам, ама кога ќе видам вака бремени над 35, си се потчукнувам и знам дека животот е пред нас. @danichap како се осеќаш оваа бременост, има разлика во издржливоста? @bittersweet м?
Рано е, тек 12та недела сум. За сега сум одлична, цел ден активна без потешкотии. Ќе видиме понатаму.
Ај да ве размрдам јас тука со годините Првото 29, родено на 30 Второ 39, здравје ќе си го родам на 40
Мене третата бременост ми беше мачна малку а тоа немаше врска со годините туку брзината со која останав бремена после втората, јас сум скоро цел живот анемична и со третата бременост бев на чекор до апластична анемија, друго се беше во ред. Последната бременост бев дел од нејзе во грч зошто имам миоми на матката па имаше можност заради нив да дојде до спонтан, среќа бејбисито издржа малку згужван и сега ми се чини како 20 години да сум а не скоро 42,ептен се подмладив.
Првото го родив на 24години . Второто на 26. Третото на 33. После третата бременост мене ми се испореметија хормоните , тироидната не функционира со Хашимото дијагноза покачена килажа . Да ми беше прво ќе останевме само на едно