точно можеби сдека живците се тенчат,но сепат зрелоста и начинот на сфаќање на работите не е ист на 24 и на 34 год.јас лично сметам дека е рано 24 год.(можеби ќе си го сменам мислењето и ќе зажалам што не сум родила порано),но сега така мислам...јас не се сметав спремна за дете до пред една година...кај нас викаат-мајка и во брак ќе си цел живот,мома нема да бидеш... сум пишувала и порано-во врска бев 11 год.значи толкаво дете можевме да имаме до сега,но ние и двајцата не се осеќавме спремни за брак...сега со душа си го чекам детенцето,па се надевам дека и живците ќе ме послужат...една е младоста,па кој како сака нека си ја искористи..некој за стапување на брак помлад,некој не.кој како смета дека е правилно... да се дополнам само,да не бидам сфатена погрешно.за раѓање дете,сметам дека никогаш не е прерано од друга страна.во смисол,ако веќе дојде до зачнување,сигурно дека би избрала да го родам тоа дете,абортус никако не оправдувам..но,ние во тие 11 год,се пазевме и не дојде до бебе.
А јас што да кажам кога за 4 месеци ке наполнам 35, а немам ниту едно??? Веќе си наоѓам бели влакна по косава, леле изгледа сум најстара од сите овде што немаат ни едно дете...
не е дојден денот мила еца.имам пријателка сто има 42 год.лани роди маско а цело време пред тоа зборувасе јас нема санси дете да имам кога па ке ме фати климакс...итн.а вцера бас разговаравме и ми вели јас веке не се пазам ако фати и второ ке родам.ке биде ,има дедо боже за секого план.
ја здравје второто за 2-3 години тогаш ке имам34-35 и шо ни фале ниШто супер сме и јас и беби ајде како стари у најбољим годинама ш
Doznav deka sum bremena na samata godisnina i 3 dena pred mojot 22 rodenden i ke se porodam isto na 22....
Со првото останав бремена на 28, а на 29 ја родив, со второто на 34 и на 34 го родив, а сега со третото на 35 останав, ама со 36 ќе го родам
Јас имам 24 години. И ова ќе ми е прво дете. Верувај ми дека што порано тоа поубаво. Мајка ми ме родила мене на 20 години.... толку е младолика што кога ќе се шетаме низ чаршија сите мислат дека ми е другарка. Зошто не на 34? Ако можеш порано.. подобро е порано верувај ми за се. Тетка ми е во брак 15 години.. првото дете го доби на 38 години... иако и е прво... вика не можам на крај да излезам со него ми доаѓа да го фрлам низ тераса. За друго не ни размислува... годинити си го прават своето. Свекрва ми која има 64 години... првото го родила на 34 а второто на 36. Двата сина и се оженаа премногу касно едниот на 30 другиот има 32 и пред некое време се вери. Значи, рачунај таа првото внуче ќе го види на нејзини 64 години.. а од друга страна пак мајка ми, после 12 години откако не родила мене и сестра ми се решила да оди на трето машко, и роди трето машко на нејзини 32 години. Затоа таа првото внуче ќе го види на 44 години а свекрва ми на 64 знаеш која е разликата? Свекрва ми дали да се чува сама или да го шета внучето.. мајка ми... која пред 12 години роди трето знам дека е способна и дека ќе може да ми го чува детето. Друго... не знаеш која ќе им е судбината на твоите деца кога ќе се мажат/женат. Може и никогаш да не стапат во брак со никого... може на 40 ќе најдат некого.... и колку треба да имаш ти за да видиш прво внуче? 74, 80? Ма, дај... што порано тоа поубаво... Јас сум млада сега... на сите контроли што ги правев не ми најдоа ништо, се е во ред немам никаков проблем... ако останев бремена на 34 не знам дали ќе беше истата ситуација. На мајка ми после раѓањето на брат ми на 32 години и дијагностицираа рак на матката.. мораа да и ја отстранат цела матка. Ако брат ми беше нејзиното прво дете.. ако не не родила мене и сестра ми на 20 години само што стапила во брак туку ако чекала да наполни 30 прашање е дали јас ќе бев на овој свет.... И јас не се осеќам спремна за мајка.. млада сум... животот е пред мене... знам.. ама излегувањето по кафичи, лумпувањето по цела ноќ, пијанчењето до сабајле.. како што прават 90% од моите врсници.. по автоматизам го заменувам со мајчинство.. мајчинството вреди.. журките се изживеана работа. За мене се. Со мене додека бев средна школа имаше едно девојче што остана бремено во прва година... роди, после две години остана пак бремена со близнаци... додека завршивме средно таа веќе имаше 3 деца на возраст од 4 и 1 година. Сега нејзините одат на школо, а јас допрва ќе треба да поминувам низ тоа. Кога моето дете ќе е прво одделение нејзините веќе ќе се средна школа.. и јас и таа ќе имаме 31 година, само што таа може да додеча и правнуци а за мене не сум сигурна... Ова е мое мислење...
останав на 25 а керка ми ја родив 3 недели одкако наполнив 26.....мое мислење е дека до 30тата треба да си имаш родено 2 деца секако ако ти дозволуваат условите а после 30 до 35 уште едно јас сум сега 30 и пробувам за второ
Zdravo prijatelki moi i jas imam dve kerki ednata e 10 a drugata 8 god.Prvata ja rodiv na 21 ,vtorata na 23, sega mas mi saka da odime na treto t.e MASKO a jas imam 31 god dale e vo red da rodam po tret pat stvarno mi treba eden GOLEM sovet bidejki sum vo strasno golema dilema
годините не се проблем ниту пак пречка за раѓање. Но кој ти ја дава гаранцијата дека ќе родиш машко. Да не имаш некој рецепт. И дали на вашиот брак ќе влиае нешто доколку и третото е женско? Мислам што е поентата со машко
Мајка ми ме има родено мене исто на 21, брат ми на 23, а вториот брат на 30.Така да нема зошто да мислиш и да се прашуваш дали е во ред. Ние иако бевме голема разлика сепак се сакаме најмногу и искрено неможам да замислам сега каков би ми бил животот без вториот брат. Ако ти сметаш дека е во ред за трето дете, тогаш пробајте.
Хмммм интересна тема....сега ја приметив.. Епа вака...некои ми велеа леле бре девојче што направи,цел живот е пред тебе,многу имаш пропуштено и така натаму.Јас најверојатно сум најмладата мајка тука Останав бремена на 17 год.бев 3 год.средно.На почетокот сакав да абортирам,но многу го оддолжив кажувањето за бременоста на моите родители (имав страв )иако потоа мноооогу си ја засакав бременоста. Синчето Марко го родив исто на 17 (после еден месец наполнив 1 Но мислам дека немам многу пропуштено,затоа што си продолжив со факултет,си живееме самостално,и јас и мм си имаме работа одлично функционираме...и ИЧ не жалам за ништо
Гледам тука мислења т.е. генерализирање дека е подобро порано да се роди и не можам никако да ја видам причината. Прво, мислам дека треба да се почувствуваш и емотивно т.е. психички а и физички спремна на таков чекор бидејќи е коренита т.е. најголема промена во животот. Второ, секој човек е сам за себе посебен и различен, јас се молев случајно да не останам трудна пред 31-32 години (иако со години имавме незаштитен однос со мм тогаш дечко ми, ама не правевме деца). Трето, ич не жалам што останав трудна на 32. Имам позната што роди на 20 и ми е жал за нејзе. Јас на 20 останував до рани зори со другарки во град, смеење, провод, забава, одмори, дружење, па почнав да работам па цела плата на себе ја трошев, си приуштував се што сакам, па помагав финансиски дома на моите за да застанат на нозе неколку години и сл. И кога сето тоа помина т.е. кога го надживеав сето тоа се решив за брак па за дете. Тие години и спомени што ги стекнав до 32 не би ги заменила за ништо ама буквално за ништо на светот. Не мислам кога и дали ќе видам внуци, тетка ми почина од рак на 42 па не дочека да види ни едно внуче, а прабаба ми виде и пра,правнуци на 96 години. А девојчето што е 20 години што го познавам може е помлада мајка од мене, но годините нема да се вратат на младоста и нема никогаш да биде повторно девојка и да ги осети работите кои нејзините врсници сега ги прават (а ми се има жалено на неколку пати дека и фалат, башка и не е многу одговорна како мајка - годините и се уште луди). Се во свое време. Но, и како што реков индивидуално е, кој кога чувствува дека му е време за тој чекор. Мојот беше на 32
Ветрушка, душо, не знам зошто ама се си мислам како мене да ми имаш реплицирано со постот.. некако во твојот пост го најдов сето она што јас го имав пишувано една страна претходно.. само спротивно од моето. И сама кажуваш дека тетка ти починала на 42 години од рак и дека не видела ни внуци ниту ништо.. Епа сега ако децата нејзини имале деца додека таа била жива ќе видела внуци, тетка ти била врскичка со мајка ми, мајка ми има 44. Нејсе, сите живееме различен живот и сите си имаме поинакви погледи кон светот и сите си го живееме животот како што сакаме ние и како што мислиме дека е најдобро за нас. Но, ако гледаме генерално не само за нас туку за цело наше блиско опкружение, баби, дедовци, тетки, вујни, татко, мајка, брат, сестра и ако сакаме сите да се радуваат и да доживеат внуци и правнуци.. подобро е да раѓаме помлади. Тоа е мое мислење.
Нееее срцушка, ништо лично, не се ни сеќавам точно дали го имам прочитано твојот пост, ова го пишав што собрав некако впечатоци од повеќе мислења, некои уште од почетокот на темата. Само пишав јас како мислам и чувствувам, а се е тоа индивидуално, не раѓаме деца за други луѓе Едит: Лелеее сега го прочитав твоето на претходната страница, хахаххааа стварно се поклопува моето како одговор, а воопшто не беше Сори, пак ќе кажам дека не беше лично и конкретен одговор на некој пост, само мое мислење и одговор на впечатокот од повеќе луѓе што пишувале.
Јас лично ИЧ не жалам за ништо.Како што кажав и погоре.Некогаш се навраќам назад и си мислам па и јас можев да излегувам и да шетам и по одмори да одам и се друго...Да вистински доживљај е тоа но вака ми е 1000 пати поубаво.Не сум сопрена нити за излегување нити за шетање за ништо.Значи сето тоа е ствар на разбирање меѓу мажот и жената.Плата...да трошам за син ми(некогаш и повеќе од што треба) ама и моите потреби не ги испоставувам,како и на мм,земаме одлична плата (да и ние некогаш помагаме на домашните).Така да мислам дека нема врска на колку год ќе си родиш дете.Пак ке кажам се тоа зависи од разбирањата,довербата и поддршката од партнерот и најблиските. Vetruska Не го сватив твојот пост личен ама морав да искоментирам