6, 6 ипол мислам. Баш знам завршував со градинка и требаше прво одделение да почнам и тогаш татко ми ме запиша на пливање и пливав добри 10 години од тогаш бат нат енимор
Не памтам баш точно. Ако не се лажам на 6-7. И на базен се научив. Си почнав со два мускули, па после со еден и на крај без нив се научив. Хихи.
Мислам дека бев 3 или 4 одделение, што би дошло 9 или 10 години. Претходно си пливав со мускули. На море се научив, незнам зошто на езеро ми беше страв
Веројатно уште кога сум била помалечка, со оглед на тоа што на плажа сум одела секој ден со 4-5мина поголеми од мене, а плус не сум се плашела од водата. Барем така кажуваат.
Колку сум била тупава, стално одев по одмори ама си бев со гума бидејќи не бев сигурна во никој дека нема да ме остави да 'потонам'. Па, потоа едвај, кога пораснав, на 12-13 години се научив. Spoiler Незнам дали овде да прашам, но од вас не ми е срам. На пример, кога се скока во базен, длабок, во кој не ти достигаат нозете до дното, што се прави со телото, какви движења за да не се удавиш?
Зависи како скокаш ако скокаш на нозе или така речено „шајка“ тогаш ќе почекаш додека ја снема инерцијата и после со рацете силно нагоре ќе повлечеш. Ако скокаш „бомба“ слично е само што инерцијата е помала. Ако скокаш на глава, главата обавезно мора да ти биде меѓу раце и телото право и кога ќе скокнеш гледај аголот на влез да ти биде што по голем за да влезеш по убаво во вода т.е. да не се опржиш. Откако целото тело ќе ти влезе во вода тогаш само главата ја креваш нагоре и излагаш на површината. И пред секој скок зимаш воздух колку едно нормално вдишување, за да можеш да го издишиш кога ќе влезеш во вода, т.е кога ќе почнеш со излегувањето од под вода (ова мислам дека е најважното, зашто тој воздух спречува да ти влезе вода во носот). Јас направив цел елаборат на скоковиве ама се надевам дека ти помогнав
ете ме и мене ни јас незнам да пливам.. како помалечка додека ме учеа да пливам ме имаше поклопено бран во Грција, памтам дека ми беше ужасно искуство, мислев ќе се удавам.. од тогаш навака несакам ни да чујам за пливање во длабоко, си одам до кај што можам да газам и си шлапкам навака натака
На 8, кога бев прв пат на одмор на море. Уште од дома се спремав дека ќе се вратам и ќе знам да пливам, ама кога го видов морето колкаво е ми требаше прво време да влезам во вода, па да ме поклопат 3-4 бранови да се преплашам, па после со мускули, па со еден мускул и на крај без
На 5 или 6 во Струга се сеќавам - само што ми купија една многу убава гума за пливање - розева голема (уште ја чувам) и јас уште истиот ден се научив да пливам и од тогаш до сега морам да се пофалам го усовршив пливањево ептен, скоро сите стилови ,е уште да се научам убаво да скокам „главечки“ супер ќе е. Ама срам ми е бе обично на пристаниште, скокална исл се вртат машки и сега јас да се глупирам сите да ми се смеат не иди во предвид