Знам да пливам од многу мала и што ми е бар мене најбитно имам многу самодоверба кога пливам, така што од ништо неможам да се исплашам или пак да испаничам.
И јас си се пронајдов Ајде бе ќе си најдеме некој тренер,убав,згоден што ќе не учи,не се секирајте После и тие што знаат ќе викаат дека незнаат
Веројатно на 5-6 години. Татко ми е човек што има неверојатно многу трпение особено кога станува збор за деца, па освен мене и сестра ми, многу наши помали братучеди ги научи да пливаат додека моите вујни, тетки и стрини се сончаа на плажа. Како мала се сеќавам дека имав една гума со Мики и Мини Маус, а откако ми се дупна, тато не сакаше да ми купи нова, туку да ме научи да пливам. Ме научи да пливам на сите можни начини и постојано бев во вода додека не се почувствував исцрпена. Затоа после плажа легнував во кревет и не мрдав до сабајле. Многу ми помогна даската за пливање што до ден денес ја чувам, здрава и права. Иста ваква, само што мојата е жолта. Постојано беше до мене, па кога при пливањето ќе почувствував дека веќе немам сила, а не го допирам дното - ќе ја фатев и ќе ја ставев под гради за да одморам. До ден денес уште си ја користам.
Осум години мислам дека беше. На море и на езеро ми беше тешко да учам, па ме запишаа на базен, ем да научам да пливам ем да си го решам проблемот со грбот.
Јас сеуште незнам да пливам ,а имам 19 години. Незнам зошто мн пати пробувам но никако неможам... страв ми е и неможам да се опуштам.
Велат- Теле се учи, крава не. Е изгледа јас одамна сум крава зошто никогаш не научив да пливам Мајка ми ме учеше, вујко ми, братучед ми, двајца момаци и не и не. Не можам да се опуштам во вода.
Стравот кон водата ми го вроди еден инструктор по пливање. „Ајде, намести се, 3-2“, јас во ваква поза - и уште не свирнал со свирчето веќе ме бутнал во базенот. Трауми си имав од него. После тоа негде на 7 години, на одмор во Бугарија, конечно се опуштив. Од инат, да им покажам на сите дека и јас можам да научам да пливам.
Незнам перфектно уште .. 100 души пробувале да ме учат и на море и на езеро ама не научив да не се уморувам и да дишам додека пливам! Како баба некоја изгледам кога ке прекинам со пливање а проблеми не дај боже со срцето неам ама пошто не дишам додека пливам, Знам негде до уши да си уживам , и ако стварно имам потреба да пливам , пливам машки или кучешки, женски едвај одма се уморувам и задишувам