Па многу одамна се научив да пливам, не знам баш точно на колку години, но знам малечка бев, ама идев во школо.
Онака, со страв си пливам од малечка, а во длабокото почнав веќе после 11тиот роденден На Плаја Виста со моите, и мораше во големиот базен да пливам и тогаш го победив стравот. Сега само во длабоко уживам да пливам и обично кога сме некаде на море, од педалинка, пљус во вода и гола сакам да си пливкам!
За себе не се сеќавам. Ќерка ми научи да плива на 4 год. Беше најмала во клубот во кој тренираше. Кога видов прв пат дека ја ставија да плива во големиот базен ( мада и во малиот водата и беше преку глава) шлог ќе ме удреше.
на 7 години научив да пливам од една страна допринесе таткоми кога одевме на одмор со братми не учеше а најпоќе допринесе мојот тренер каде што одев на пливање и добри скокој ме научи голема благодарност до најдобриот тренер бидејќи моите родители секогаш безгрижно ме пуштаја на базен и на одмор со друштво...
На 5 или 6 годинки,на море.Се сеќавам татко ми колку беше трпелив со мене,зошто ко помала си бев голем паничар.Сега сметам дека сум добар пливач,ама сепак од претпазливост не одам многу длабоко.Додека осеќам тло под нозе добро е
Јас сум струшко дете - со пливање се родив. Мала шега - можеби имав 6 или 7 години, не се сеќавам добро.
и јас ќе да сум таква крава... никако не можам да пливам..си имам набиено некој страв од кога имав 9-10години...ќе се удавев за малку во Сутоморе
и мене сите роднини по ред земаа да ме учат ама јас крава се родив крава и си останав кога ќе влезам во вода само со рацете мавтам лево дено ко мислеш тоа оси ме нападнале.