на 3-4.. моите ме фрлија во вода и научив сама не ги обвинувајте, така не учеа нас што растеме покрај езеро
е јас незнам да пливам,значи имав околу 5-6год уште паметам и еден другар на татко ми решен да ме научи да пливам,и само ме дигна околу 2метри значи над неговата глава и ме фрли и јас јадното почнав да се давам мавам раце нозе,а идиотот се смее ко неточен леле кога ме извадија од вода неможеа цел ден да ме смират а го замразив човекот цело време напреку го гледав ,можеби цела година го мразев,е па затоа имам уплав цел живот и неможам да се научам да пливам
7 или 8, брат ми ме носеше во подлабоко (читај: во плитко, но не фаќав дно) и ме фрлаше да пливам до плиткотоо и така некако се научив.
јас и пливање....неее..како секира кога ке ја пуштиш у вода сум.. двапати ке се удавев во базен и нема шанси толкава паника ме фака што мислам ке се удавам и во вирче ако паднам со фацата у него,тоа страшна работа,нема лек за мене
Се научив да пливам на 9-10 години.Се сеќавам татко ми и сестра ми ме носеа во подлабокото и ме пуштаа малку да пливам сама.Ако почнував да потонувам веднаш ме фаќаа.Така некако се научив да пливам иако водата не ми е баш најдобар пријател