Не сум се сеуште научила . Јас и спортовите, можно ли е за се да сум левак . Па многу пати кога со моите одевме на одмори пробаа да ме научат но ука не фаќав. Можеби и премалку пробував, поинтересно ми беше онака да си се капам. И на море не пробав да се научам. Вака, сакам да се капам и се ама пливањето никако не ми оди. Додуша годинава ни од капење не видов многу.
јас пропливав негде околу 4/5 години, поточно бев принудена. сестра ми обожаваше да си игра учителка, па покрај тоа што ме учеше англиски и математика реши да ме научи и да пливам...па ме џитна во море
Епа мало бев ептен..охридско дете живеано во вода... не се ни сеќавам ама ептен мала бев ххх абе нас тоа ни е вродено
Па на 10тина години, од тогаш 7 години активно тренирав пливање и сега можам да се пофалам дека сум одличен пливач