А што ако кажам дека уште ја немам изгуебно ? Да, невина сум сеуште и не се срамам да го признаам тоа тука. Го чекам вистинскиот човек за да го направам тоа во вистински момент кога ќе се чувствувам ама БАШ спремно .
Далеку од тоа дека треба да се срамиш. Се убаво, ама нема веза со темава. Прашањево е на колку години ја изгубивте....а тие што не се ја изгубиле зашо би одговарале. Тоа се збореше погоре Исто ко јас да влезам во тема "Како го воспитувате вашето дете"....и да дадам одговор "јас немам деца". Тогаш шо мајка барам таму
^ Упс, Алисавоземјата на чудата извини ако не ти се допадна мојот пост. Конкретно одговорив на поставеното прашање, а што требаше да пишам , на 0 години? Темата како што гледам е поставена со прашање, па така да секој може да одговара различно, не мора сите да пишуваат на 18, после 18, на 17, на 21 итн. монотоно би било ако се пишуваат само бројки без дискусија. И конкретно на прашањето од првиот пост би кажала дека најдобрата возраст е онаа кога се чувствуваш спремен, секако не треба да биде на 14 години, ама да се биде доволно зрел и свесен за последиците .
Лукс, со сета почит, ама стварно мислам дека таков одговор како што пишав во мојот пост не е за на ова место. Исто како во тема "Каков ви беше првиот пат" да се одговори со "Сум го немала, невина сум." Друго е на пример сите да сме обврзани да одговориме на прашањево , па тогаш разбирам да има и такви одговори. Но тука може да пишува кој сака, и се бараат години на губење невиност. Па тогаш би можело на секоја тема во категорија "Секс" да се одговори со "Невина сум", нели? и на теми како омилена поза, колку сексуални партнери сме имале, каде се случил првит пат.... Не е поентата да читаме такви одговори во поинаку поставени теми.
А кој рече дека треба да бидеме обврзани да одговориме на прашањето? Лакримоса ти ја почитувам сугестијата, ама како што има различни карактери и мислења секаде, така и тука има различни мислења. Не знам зошто да не пишам на темата кога имам право иако немам искуство, лошо е што споделив дел од мојата интимност и заради сега два поста со критики зошто сум пишала дека сум невина повеќе да не пишуам во ниедна тема за секс и да не побарам совет? Така треба? Ако треба така да се прави добро, разговарајте вие искусните и делете си совети. Знам јас кај ми е местото и во која тема си дозволувам да пишам, без гајле за тоа И логички е ако немаш никакво искуство да немаш омилени пози итн. Навистина постот не ти требаше и мораше и во оваа тема да се прават оф-топици, ама ако, и престанете веќе со овие замерки кој каде пишува. Може се да се пише и праша ако е поврзано со темата.
ас на 24год изгубив невиност. не дека сум била традиционална ептен па да се чувам за прва брачна ноќ,едноставно ми се издешаваа некои работи во животот,цело време под стрес итн итн...и воопшто неможев да се опуштам колку и да го сакав тоа кога доаѓавме до тоа со дечко ми едноставно се грчев премногу ме болеше и се откажував можеби порано требаше да го направам тоа зошто сме во долга врска ,ама ај си велев уште малку,уште малку....а знам и дека колку повеќе години имаш толку повеќе се зацрвстува хименот и мнооогу е болно.добро зависи ваљда и од индивидуа,секој е различен,ама факт е дека кога си помлад полесно се кине хименот.мене многу ме болеше абе едвај бидна работата
Јас не знам што се возбуди толку. Само ме нервира кога се одговара на некое прашање, а одговорот да не е наменет на прашањето. Ете тоа. Поздрав. Потака ќе сфатиш што сум сакала да кажам.
На 20, и морам да признаам многу ме болеше,но тој момент иако исполнет со страв и неискусност ми беше еден од најубавите во животот,затоа што кога се случи како да ми се отвори душата кај градите,како да бев некоја друга,како да станав друга,посреќна и поисполнета.
Вакви коментари може негативно да влијаат, на помладите членови на форувам можат да бидат инспирирани од ваквите коментари и да помислат дека е тоа нешто навистина фантастично и дека треба и тие да го пробаат. Мој совет до нив е да не веруваат во се што ке прочитаат, не е тоа нешто спектакуларно првиот пат за женското во принцип и непријатен, што ради болката што ради неискуството а она за кое што пишува кристи88 е всусшност ослободување од нејзиниот страв како ке биде што ке биде итн и кога веке се случило, едноставно и олеснило бидејки мисли дека со тоа што ја скинал типот ја завршила целката работа, а всусност незнае дека от тогашнатаму тек почнуваат женските маки. И само како еден совет до помладите да не брзаат да го направат тој чин има и другиначини за да уживаат тука е оралниот секс рачната обработка, мастурбацијата итн.
Вчера си ја изгубив мојата долгогодишна друшка, невиноста,... значи на 19... и многу ме болеше, алал да ни е, сега сваќам колку уствари сме јаки ние жените, што се не треба да претрпиме...Умрев од болка, а ни капка крв! Па да му се невиди, од челик да беше тоа хименот полесно ќе се скинеше... Сега да ве прашам вториот пак ќе боли пак? Мислам знам дека би требало да боли, но искрено се надевам дека нема да боли толку како првиот...?
Ќе те боли сигурно уште неколку пати, ама се помалку и само во почетокот.Барем кај мене беше така Ти не мисли на тоа и опушти си се
Невиноста ја изгубив на 19 години . Parrot ќе те боли и вториот пат и уште неколку наредни, но не е таква болка како првата, а и од тебе зависи ако си максимално опуштена може нема ич да почуствуваш болка.
Добро, кога мора-мора...само да не боли толку .. Фала ви, ме утешивте у секој случај.. уште сум уплашена од вчера Фала ви уште еднаш на одговорите femina и gia поздрав!
da vi priznam jas na 18 pa plnoletna hahhah pred toa so segasniov decko odevme 3 meseci se skaravme jas posle toa imav decko 1 god no ne se predadov posle 1 godina se skarav so nego i se smiriv so bivsiot koj otsekogas sum go sakala posle 3 meseci dojde i toj moment na intimnost koj za mene bese edno prekrasno iskustvo bese fantasticno i den denes go pamtam ..... sekako se predov zatoa sto mislev deka e vistinskiot i eve ne 5 god sme eden pokrahj drug ... [mod-kirilica:yp2c6lmx][/mod-kirilica:yp2c6lmx]