па и не е толку важна возраста....секако сега не е нормално да се има секс на 11 или 12 години...ама за тоа колку телото машкото или женското сеедно е оформено за секс...тоа е индувидуално...кај секој човек е различно....јас имав големи гради и колкови уште во 5 одделение зашто добив менструација тогаш,значи ли тоа дека сум била подготвена за секс???? Нормално дека не... секој човек ќе има секс тогаш кога ќе се осеќа подготвен за тоа....најмногу психички....а за тоа "треба да го најдеш вистинскиот за да не те остави после тоа"...тоа ми се некако застарени фрази..никогаш нема да знаеш дали тој е вистинскиот и после тоа нема да те остави.... а и зошто е битно оној кој ќе ти биде прв да треба да те земе за жена??!! мене тоа па и не ми е важно....вазжно ми е дека првиот пат беше доброволно и од двете страни(не беше насилно што кај некои девојки се случува и тоа на жалост),се чувавме и двајцата да не направиме белја,а и не останав со него мислам не се скаравме веднаш после тоа,ама не останавме премногу долго заедно....и не се жалам и не се каам за ништо...првиот пат ќе се случи кога тогаш,дали на 15 или 25 ќе се случи....а повеќе би сакала на 16 отколку на 26....зошто?затоа што ќе имам доволно време во лудите години да правам луди работи,да се запознаам себеси,да се истражувам,да научам што сакам а што не сакам...да сменам сексуални партнери(тоа нормално не значи да менувам секој викенд,тоа не го оправдувам) туку да речеме двајца,тројца за да можам да правам споредба .....благодарение на се тоа...сега имам дечко со кој имам прекрасен секс кој не би го заменила со ништо друго....ама имав време да се запознаам себеси,и да научам што сакам (и да ова не значи дека сум ептен богата со сексуални партнери,зашто знам некои и така ќе го сфатам) но сакам да кажам дека природата на секој млад човек е да истражува,да учи за сексот и за неговите убавини,да сфати дека не мора оној што ке ти биде прв дека мора да те земе за жена....години за тоа кога треба да се почне со секс не постојат,тоа го измислиле лугето,секој ќе почне со секс кога психички ќе биде подготвен.....секој ќе си измсли години за себе...
Да природата не секој млад човек е да истражува, но дете од 15-16 години е дете а не лад човек. И велиш исто било на 16 и на 26 е не е баш исто на 26 сама одговараш за сопствените постапки а на 16 ги малтретираш сите дома. Дајбоже да имаш женско дете па да те прашам тогаш дали така ке зборуваш дали и тогаш, ке речеш дека е сеедно дали на 16 или 26 или ке се тресеш со кол кретен е кога ке се врати од излегување итн. И она што најмногу ме иритира е кога ке рече некој кога ке осетиш дека е тој вистинскиот, и кога ке почувствуваш дека тоа треба да го направиш па во пубертетот по 100 пати на ден чувствуваш дека тоа треба да го направиш и секој дечко дури и оној што е со тебе само за да те искористи и ти симнува, звезди мислиме дека е тој вистинскиот сонуваме како што некоја од вас спомна дека тој ке не земе итн. Да се навратам на тоа дека треба да се истражува да треба и јас невикам дека, првиот што ке го запознаеш да влезеш во брак но имаш доволно време и за тоа кога ке бидеш способна сама да бидеш одговорна за сопствените постапки тогаш ако сакаш можеш и со цело Скопје да собирашискуство. Инаку фала ти мимиш 89 за подршката очигледно само ти ме разбра што ми беше поентата.
И јас мислев дека не е важна многу возраста, па се деси тоа на 17 години. Не се каам во никој случај бидејќи јас сакав и дечкото (воедно и сегашен) сакаше. Знам дека можеби ке останам со еден засекогаш и не ми претставува проблем, не сакам да експериментирам со друг, сигурна сум дека сакам да бидам само со дечко ми.
на 15 16 години не си дете туку си тинејџер значи лад човек затоа и тие години го имаат тоа теен на крајот...на англиски....дете си на 5 6 7 или 10 годишна возраст....а да и да имам женско дете не би го променила мислењето...16 17 или 18 години не се малку и тогаш она нема да биде дете ...да ќе ме загрижи ако почне со секс на 12 години тоа веќе се загрижувачки појави ....а на 26 години????тогаш кога ќе ти биде време да оформуваш семејство и бидеш мајка ти ќе треба допрва да го истражуваш и проучуваш сексот .....седнав и правев муабет со баба ми...во нејзино време девојките се мажеле на 15 16 17 години....зашто на 30 биолошкиот часовник на жената почнува да отчукува....и не е точно дека во нивно време не било замисливо на 15 да имаш секс ...баш тогаш било замисливо и не било чудно,зашто се сметало дека жената треба да е млада и здрава .... имам многу другарки кои започнаа со секс сега на 22 или 23 години и те уверувам воопшто не им е лесно....затоа што сега наместо да уживаат и да ги запознаваат убавионите на сексот тие треба веќе да размислуваат за огормување семејство.....и не можат не сакаат...и нормално е да ако не си го поминал ова на 17 или 18 да го минуваш и да лудуваш на 22 или 25 кога ти треба веќе да размислуваш сериозно младите луге не размислуваат серизно,сите сме го поминале тоа...и знаеме како е ....а и не им е време да размислуваат сериозно....нема потреба за тоа....
Па по се изгледа мимиш јас и ти не сме од овој свет ашто се однесува до мислењето на поулина2 што да се каже незнам бабаи каде живеела па почнувале со секс на 15 години, можеби промискуитетноста им е фамилијарно наследство, колку што знам јас а верувам и многу од вас ке се сложат со мене, во минатото било незамисливо да се има секс пред брак. Таа појава била специфична за ромските деца да се мажат на 15 години и помлади и можеби во муслиманските фамилии каде што начинот на склучување на брак, бил на ниво на трговија со луге, но тоа ке го оставиме на страна, зборуваме за фактите во православната вера т.е кај македонското население, во кое било посветувано големо внимание на првата брачна вечер каде сите исчекувале дали невестата била невина или не. Но да ми тврди некој дека се мажеле на 15 години тоа е невозможно бидејки ние сме познати дека сме легалисти и кога се влегува, во брак се сака да се има документ наречен венчаница по што следува првата брачна нок. сега е невозможно да се влезе во брак на 15 години а камоли тогаш кога се знаело и ред и закон, а бабати полина или те излажала бидејки барала оправдување за некои нејзини постапки во младоста или произнасуваш своеволно мислење. А тоа што викаш као не џабе тоа стоело тинс изгледа многу гледаш амерички филмови кај нас нема тинс туку тинејџер или младинец а знаеш ли во америка каде што се користи тоа тинс до колку години им стои тоа тинс ? Таму полнолетен се станува дури на 22 години. И не се сложувам дека нетреба да се мажиш на 30 години нема тука ништо лошо баш тогаш ке имаш авторитет врз твоето дете и доволно зрелост и на детето ке му бидеш мајка а не другарка, и нема врска биолошкиот часовник тоа важи ако сакаш да имаш како порано 7-8 деца па требада почнеш порано за 1 или 2 деца има време секогаш, и не велам да се мажат на 30 но за да се влезе во брак треба да се има одредена зрелост. И за искуство има доволно време и да се изживееш со излегување и со секс како што ти викаш да се изживееш ништо нема повеке да се изживееш ако се проебеш на 15 отколку на 17,5 и нагоре.
види вака ....не реков јас секс пред брак,и не реков дека почнувале со секс на 15 туку дека се мажеле на 15 години и да, почнувале со секс во брак.....тоа прво второ како бе тврдиш дека е невозможно да се стапи во брак на 15 години....ја познавам и имам другарки школски што се омажиле на 16 17 години....???!!! пр.ќе остане бремена на 16 и сакашда кажеш дека нема дозвола да се омажи...немој молимте еве до мене у комшии секаде имам примери каде стапуваат во брак на 16 год...тоа ти е грешка....трето во Америка полнолетен се станува на 21 друго...ако имаш сексуални односи на 15 или 17 зар не мислиш дека е тоа сосем исто ,зар разлика прават година две ...за мене не прават никаква разлика никој не рече дека сте од сосем друг свет.....јас си го кажав сопственото мислење во врска со ова.....ме нервира што многу ц'мкате.....во ред било на 17 ама не било во ред на 16.....нема вркса според мене кажав возраста никаква ....ама никаква врска.....зрелоста нема врска со годините ти можеш да имаш 30 години па да не си зрел и искусен.....зрелоста се стекнува со тек на искуството и настаните што ти се случиле во животот..... а за тоа дека треба зрелост за да се влезе во брак...апсолутно се слагам со тебе.....само молимте отворија темата На колку год стапивте во брак....и види нашите феминки колку зрели се омажиле....која на 20 која на 19...која на 22 итн.... и не реков дека ќе се изживееш повеќе ако имаш односи на 15 години.....туку дека младите луѓе треба да истражуваат и да се запознаат самите себеси тоа им е во природата и тоа само по себе си доаѓа со пубертетот .... муабетот ми беше вака најпросто кажано подобро да се истражувам себеси и да лудувам на млади години кога ми е време за тоа....отколку на 25 да праам глупости кога ми е ред да мислам на посериозно работи во животот како брак и деца....а познавам такви личности кои се чувале и ги пропуштиле сите забави и лудости во свое време ,па затоа прават такви работи кога не им доликува на 25 и нагоре а промискуитет???дали знаеш дефиниција за тоа???ако знаеш во ред...ако не знаеш немој да ја употребуваш на грешка теми......убаво потенцирав погоре дека моето мислење не значи дека сум имала 15 сексуални партнери до сега
Прво си одговори самата во почетокот кои се последиците со прераниот секс една од нив несаканата бременост, и нормално дека ке му ја тупнат на кретенот што го направил детето нема ваљда дома да ја чуваат со се дете на 15 години и сигурно е тоа брак од љубов нели? Можеби можат да се венчаат под присила но наместо нивните потписи и согласност се бара согласност од родителите, и ако тие родители ја тупнат на некого само за да не се срамат од комшиите дека како што вели нашиот народ им донела копиле дома, тогаш многу зборува тоа за односот на тие родители и јас апсолутно сум за па утре нека си ја лупа она главата кога младоженецот како што викаш ти неизживеан ке почне да брка други цури а она ке дреме дома и ке чува деца. Јас навистина незнам каде ти живееш што има толку многу, вакви примери и специфичен начин на решавање на тој проблем но како и да е не е убав пример за младите и тотално контрадикторно со твоето мислење дека требада се изживве секој млад човек, а ако попат заглави тогаш пред матичар па нека се изживува во брак на 15 години. А Промискуитет знам што значи и не би сакала да ти го кажам тој збор што го употребува народот сепак треба, да се има одредено ниво кога се пишува јавно.
па добро ама ти рече дека било невозможно да се влезе во брак на 15 години...значи сепак,возможно е ...а промискуитетот незнам што е толку срамно да се каже тој збор....јас моето мислење не го наметнувам никому па да биде штетно ,ова е демократска земја и секој има право истото да си го каже....а не реков дека е во ред да се мажиме на 15 или 16 години....баш сум против тоа ....реков да се истражуваме себеси,а ти како сакаш сфати го тоа .... како и да е ако некој нема друга работа па некој друг му ги брои сексуалните партнери и годините кога почнал со тоа.....тоа е голем проблем на тој првиот.... тоа што некој ке му лепи етикета на некој друг,не правејќи разлика меѓу промискуитет и успешен сексуален живот ....и тоа е голем проблем на тој првиот... Можеби еден ден(секако не пред да се искоренат примитивните уверувања)можеби луѓето ќе престанат на сексот да гледаат исклучиво низ крајности. Кога на улица ќе сретнете човек кој јади панцерота и ви тврди....ама ви тврди дека тоа е највкусната панцерота ,само затоа што никогаш не пробал друга како ќе реагирате????така е и со врските,емотивни,сексуални ...секакви а како што гледам Санја и ти си ја изгубила невиноста на 16 години?
Токму и затоа велам кажувам од искуство, а не хипотетски и несакам и други да ја направат таа грешка и да потпаѓаа на уцени од типот ако не ми дадеш ке ти раскинам итн или да веруваат на тоа дека толку многу ги сака партнерот, се додека не им се пикне во гаки а потоа откако ке ти се изнагостира некое време ке најде причина да те откачи. Што се однесува до уживање во сексот и јас сум за ако добро ги прочита, моите постови можеше да забележиш дека сум за да се проба секс и со друга девојка, но сето тоа кога ке станеш и правно одговорна за сопствените постапки или барем приближно до таа граница, а на 15 - 16 години да имаш бурен сексуален живот или што би рекла тида правиш разни глупости, некако ми е несватливо т.е од оваа перспектива знам дека тоа не е во ред, затоа им советувам на младите дека не е се така розово кога е во прашање сексот. Инаку сексуално искуство е потребно промена на повеке парнери исто така, а има време за сето тоа па и за брак немора да се брза.
Нормално дека се слагаме само имаме различен пристап на работите и можеби, ти си немала лошо искуство па затоа ги гледаш работите од поубавата страна, не мислејки на последиците.
И јас сум имала дечко на 15 години, и сум била 'бескрајно заљубена' во тој, и во некој другар, па и во наредниот дечко, па хормони и се тоа, па сме се летале од емоции и слично, па сум плачела ноќе, нели тој е оној, но никогаш не се почувствував со ниеден од нив, колку и да сум била 'заљубена, 'спремна за секс. Нити сум имала премногу, ниту само еден дечко до сеа, се почувствував подготвена со сегашниот дечко со кој одам една година, и да, невиноста ја изгубив на 23 години. Но тоа сакав да го сторам со таа личност, а не дека не можев да чекам веќе или слично. In fact, од 12 месеци врска, со односи почнавме кога идевме 9-10 месеци. Точно, тоа е нивно тело и нивни избор, но проблемот е што тинејџерите не се доволно информирани. Не се никако информирани. Мислам, очигледно е по прашањата и постовите.....А тоа дека се почувствувале спремни и дека тој е вистинскиот..мало морген. Да беше така, сите од тогаш ќе бевме во 6-7-8 годишни врски, некои и со прстен на рака. Се согласувам со Паулина дека треба да се истражува сопственото тело, и шта ти прија, шта не, али, ја можам да експериментирам и на 18 години и на даље, коа веќе, и закон вика дека сум одговорна сама за себе И за џабе не постои актот на самозадоволувањето, повторно, да се осознаваш. Индивидуално е, да, секој со свое право на избор, но мислам дека веќе кога се сметаат 'зрели и подготвени за секс', треба да бидат и подготвени и на товарот којшто го носи, покрај краткото или подолго задоволство. Со памет во глава.
На 18 и некој месец. Не беше воопшто како во бајка ниту со принцот на бел коњ. Не се каам бидејки бев спремна и доволно информирана.
Јас ја изгубив невиноста на 19 години тогаш идев со дечко ми 3 години и вопшто не се каам бидејки подоцна ми стана сопруг .
хихи јас мојата невиност ја изгубив на 15ипол години али уопште не ми е криво ниту пак жал затоа што се уште сум со оној што бев прв пат пред 4ипол год и многу ми е убаво и не мислам да го менувам за сега....
Јас на 17 и пол.. Сепак мислам дека е рано :/ а и можеби се каам што знам како и да е.. било па поминало