На 16 години и ми беше прекрасно.Со дечко ми долго време зборувавме,се договаравме и тој беше многу внимателен така не ни почувствував болка...Имаше многу малку крв и утредента имав на гаќичките.
16,5? 16 ипол ? нвм. Јас ја изгубив невиноста на 18 год . Тој беше прекрасен,внимателен супер ни беше
Јас на 18, тогаш и сакав да го направам тоа, имав дечко, ама не беше ништо посебно. Затоа сега ми е саде убавини
јас пред 20 дена, а со дечко ми одевме 3 години и 3 месеца и ич не се каам за сега хахах па шо биде биде ))
Јас на мес.пред да бидам полнолетна..Секогаш викав да бидам полнолетна прво ама ете се деси некад не можеш против хормоните.. И не се каам поради тоа зошо мн.си го сакам телето..
Јас мојата невиност ја изгубив на 16 ипол години и воопшо не се каам затоа што го направив со човек што го сакам,иако сега не сме заедно воопшто не ми е мака тој ден ќе го паметам засекогаш бидејки се случи на посебен начин на денот кога ја прославивме нашата шестмесечна врска..Во неговата соба на неговиот кревет направив срце од цветови собата ја осветлив со свеќи и беше многу убаво..Му се предадов со сето мое тело душа и срце. но сепак судбината реши да не раздели.
На 16 (лани) 29 април за мојот роденден Ми беше многу убо. Дечкоми е 2 години постар од мене. Уште си одиме сега за мојот 18 роденден сигурно ке ни се случи пак Бтв на 16 мислам дека е рано, но тогаш не се ни надевав дека толку рано ке ја изгубам невиноста
јас на 18,5 со дечко ми бевме во врска 1 година и 6 месеци уште сме заедно го сакам многу повеќе од порано и ни најмалку не се каам поради тоа
На 16-17 години, не памтам ни дата, така да појма немам колку години сум имала. Вака сега по логика кога размислувам толку се 16 или 17. И подобро што се деси тогаш, додека бев уште зелена, зошто ако почекав некоја година веројатно тешко ќе најдев некој "достоен". Во главно лошо искуство, погрешно време, погрешен простор, погрешна врска со погрешен човек.
На 19 години... Не можам да кажам дека уживав во првото сексуално искуство... Не дека беше болно, туку... Не знам... Не беше тоа што е сега Инаку, дечко ми (кој сѐ уште ми е дечко) беше многу нежен, мил... Се чувствував сакано, посакувано... Го сакав тоа, се чувствував подготвено и го сторив тоа
Моето прво искуство беше на 20 години, ама беше катастрофа, се случи безвезе непланирано - ни болка осетив ни задоволство, ништо! Значи се истрауматизирав скрос, не помислив на секс цела година ( со дечкото не сакав да се гледам веќе ), се додека не го запознав мојот сегашен дечко, со кој сме три години заедно, ја се осеќам како со него да ми беше прв пат, додуша малку се каам што не се чував за него ама тоа е ееееееее а како си го замислував мојот прв пат, сакав да биде нешто посебно со некој посебен, а како се случи затоа девојки, внимавајте да не погрешите како мене
На 19, и тоа со триста разислувања и пренемагања, а се беше само и само што си ги слушав другарките колку страшно е тоа. Заедно бевме една година, и на двајцата ни беше прв пат, поим немавме што правиме, ххахахаха! Ама ете, се усовршивме. А најглавно тогаш ми беше што ме направи да се чувствувам најсакана. Така се чувствувам и до ден денешен, сакана!
imam 16 god ne sum imala do sega seks. vo vrska sum 2 meseci i mnogu go sakam i mu veruvam, znam deka i toj me saka i mnogu pati mi ima dokazano. imalo poveke momenti za ovie 2 meseci vo koi sum sakala toa da go napravam so nego no mi e strav. imame zboreno na taa tema i toj ne me prisiluva i mi ima kazano deka ke me cheka kolku shto treba. kako da znam deka sigurno sakam da go napravam toa? zashto mislam deka e rano... :/