Сакам да прашам нешто...имам 17 години и сум во врска 9 месеци со 20 годишен дечко.До сега се беше супер, темата за секс не се отварашее, но еве веќе последниве недели збории само за тоа.Незнам што му е но е многу напален, а јас сметам дека сеуште не сум спремна за тој чекор, ве молам некој нека ми каже што да правам, и како да му објаснам, бидејќи досега пробав на многу начини, но он сеуште не сваќа и напиња за тоа
Aко не си спремна кажи му одлучно НЕ сум ,си пробала да објасниш кажи му уште еднаш дека не си спремна и дека не сакаш повеќе да дискутираш на таа тема , не со благ пристап и одоколу кажување тогаш ке мисли дека има шанса да те предомисли кажи си го твојот став јасно и гласно , ако пак спомене налути се , на пример кога ке почне пак со темата налути се и игнорирај го малку ако му значиш ке престане да те напнува кога ке види дека ради тоа може да те изгуби... Како и да правиш штом не си спремна не дозволувај да те изманипулира тоа треба да биде твоја желба а не за да му удовиш на него или да потпаднеш под притисок, кога ке дојде време сама ке си знаеш а не оти некој пинка дај ми па дај ми
Таа дата ја знаеме само јас и дечко ми, никогаш на никого не сум ја кажала и нема да ја кажам.Тоа ќе си остане наша мала слатка тајна. Еден прекрасен миг
Јас искрено да ви кажам на 21 год првпат имав односи и мн се каам зашто се излажав и најскапоценото нешто му го дадов на човек што не заслужува,што до ден денес ми се гади од него...сега имам 22 год имам дечко кој го сретнав набрзо после тоа и се каам што не сум почекала да го споделам со него односно со тој што вистински ќе ме сака...ама тоа е нема назад така ми било пишано... или пак сум размислувала само на момент а не на тоа што ке се случи потоа...
Имам 18 а би сакала да ја изгубам на 19 Незнам зошто ама 19 најубаво ми звучи за губење невиност,па ќе видиме колку ке издржам -.-
na 18 godinu posle dva dena vrska so decko postar od mene 7 godinii i fala Bogu ete posle 4 godini uste sme zaedno
devojki jas imam 24 GODINI a seuste ne sum imala odnosi.. veke pocnuva da me faka strav i samo na toa da mislam, koj i kako ke me prifati kako takva... ednostavno ne sum imala prilika do sega, mnogu sum teska so maskiot pol, celo vreme odlagav za ova da me zadesi. iskrena da bida, mnogu sum privlecna, mnogu sakale da bidat so mene ama sum gi odbivala, porano bev i manekenka, voopsto nemam kompleks so teloto, se smetam za devojka so prekrasno telo, zanci site ama site mi vikaat deka sum preubava, no nikogas ne sum imala dolga vrska i sex. help so nekoi soveti )) pozdrav do site
Верувај дека на секој ќе му биде задоволство да биде со тебе,да ти биде прв и ако си таква како што кажуваш.Воопшто немој да се грижиш за тоа,само најди си соодветен партнер и само напред.Ќе видиш самата кога ќе дојде време за тоа,срцето ќе ти покаже Поздрав