1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На која возраст почнавте да користите шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од Rock-a-Fella, 1 мај 2011.

  1. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Значи кога сте почнале да користите шминка?
    Тоа било нешто постепено преку годините, понекогаш сјај, па после само маскара, па после моливче, или?
    Дали ви требаше долго време за да се научите, и со што имавте поголем проблем, моливчето, туш, или?
    Дали мислите дека има одредена возраст за користење на шминка, и која би било тоа?
    Еве јас ке ви кажам за мене-нема ни година дена што користам. :$
    Почнав да се заинтересирам од YouTube tutorials, ми беа интересни техниките, и си реков-да пробам...
    А вие?
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    На 17 години само маскара и сјајче, а на 24 години почнав повеќе шминка да користам од молив, сенки и руменило и така со време скоро се користам само ја исфрлив пудрата бидејќи нешто с`клет ме фаќа од неа, покривам она што треба само со коректор.
     
  3. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Јас си почнав од шесто или седмо одделение мислам, само маскара и сјај понекогаш, ама не на училиште и тоа само кога стварно сакав. Потоа кога влегов во гимназија тогаш почнав да користам повеќе шминка за излегување. Имав проблеми со моливчето бидејќи ми беше страв да не се боцнам во окото ама се извежбав. Научив многу трикови од мајка ми и таа ме навлече кога уклучив на јутуб за прв пат се зачудив колку многу знам :D :D
     
    На gnr-Forever му/ѝ се допаѓа ова.
  4. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Епаа вака...почнав да се шминкам на 14 години( осмо одд) и тоа почнав само со маскара и сјај..за маскара ми требаше време да научам убаво да ставам за да ми бидат подолги трепките :$ ..а потоа почнав и креон да ставам, а на 16 години почнав и со пудра и сенки да се занимавам и сега на 17 си експериментирам со шминки, учам и од јутјуб и така :)
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Цел живот. :D од многу мала ја гледав мајка ми како става кармин и крем за лице и јас секогаш кога кога ке излезев од дома со неа обавезно ставав кармин и крем за лице ама малку :lol: . Инаку со посериозно шминкање почнав на 13 години и тоа употребував само сјајчиња и маскара. Сега корстам се комплет од шминка. :)
     
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Па на 14 години почнав со маскара и сјај, ама не секој ден туку кога ми беше ќеиф, на 16 веќе почнав да употребувам и пудро и креон и сенки :)
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Мислам дека на полуматурската :D Имав креон и римел..А после почнав да користам и пудра :)
     
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Па започнав некаде околу 8 одделение со маскара сјајче и пудра и до ден денес само тоа и го користаам,многу ретко ставам и моливче :)
     
  9. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.569
    Пол:
    Женски
    Од секогаш сум ги сакала шминките. Знам дека имав многу сенки и кармини, па и сите што ме познаваа како дете ми носеа, да ме израдуваат. Активно почнав да се шминкам од седмо одделение. Иако предходно ставав сјај и маскара. Од седмо почнав со пудри и сенки. Во средно ги открив и тајните на тушот и ружот. Се до денес не се откажав од шминката т.е имаше некои периоди кога мислев дека треба, но на крај секогаш се враќам на мојата најголема љубов.
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    На полуматура првпат ставив пудра, а активно почнав да се шминкам негде средина на 2ра год. средно
    Почнав со креонот и малку пудра, а за туш ми требаше повеќе време да научам да го ставам како што сакав секогаш. Ама сега креонот го исфрлив скроз, поубаво ми е со туш. Во зависност од приликата го исцртувам и тушот
     
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Интересна тема. Уште од мала возраст многу ме влечеа шминките. Нон-стоп бев со главата во ташната и несесерот на мама, тетка ми ја обожавава бидејќи имаше изобилство од шминки хахах
    Почнав да се шминкам во 7мо одделение. Мислам на користење на римел и креон. До душа тогаш преовладуваше креонот :D и тоа ставав строго на внатрешниот раб од окото ( а и онака имам мали очиња хаха). Овој стил со креонче си го терав до осмо одделение.
    Дојде и прва година средно, имаш ситни бубулички па пудрата стана незаменлив дел од шминката хаха
    Е после пудрата на ред дојдоа сјаевите. ГИ користев во изобилство, на часови бев со огледалцето и сјајот во раката, креонот почнав да го ставам на надворешниот раб од окото и предност му давав на римелот.
    Во четврта година некаде, го открив тушот за очи 8)
    На ред си дојдоа и коректорот, ружот и карминот :makeup:
    Затоа сега ми требаат минимум 60 минути за да се нашминкам туто комплето :$

    Профи сум за шминка :D. Другарките ме благословуваат ;)
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Прв пат почнав да употребувам шминка кога бев прва година средно мислам само пудра и римел понекогаш сјај за усни е сега за излегување имав креони за очи во тиркизни,кафеави и сиви нијанси и само нив ги ставав на очите шминка многу ретко.
    Веќе накај четврта година почнав поинтезивно да се шминкам со сенки со црно креонче,руменило и кармин во потемни нијанси.
    После тоа го сменив начинот на шминкање едно време а со тоа и се зголеми моето козметичко катче и сега имам два несесера бидејки не ми ги собира сите работи кои некогаш и така си ги купувам ако ми се допаднат без некогаш да ги употребам.
    Инаку моето шминкање трае само 20 мин порано бев многу побавна но сега си ја имам усовршено техниката.
     
  13. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    До 8мо не користев пудра, само маскара, креон, по некоја сенка, лабело.
    Во осмо си почнав да си барам туторијали на ју туб за шминка. Си ставав течна пудра, експериментирав со сенките, сјајчиња си купував. И така. :)
     
  14. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Касно почнав да користам шминка...негде летото втора према трета средно....
    Ама затоа помади и млека за тело од 4то....првиот Нивеа комплет го добив у 4то од мајка ми, абе живи радости... а ми го купи не за друго, него да не и си се шлапам со нејзините :)
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Во осмо почнав да ставам пудра, а инаку креон он поодамна, но сега го избегнувам ставам само пудра и римел :)
     
  16. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Па јас мислам дека почнав малку покасно од оние што ми беа во друштво.
    Уште во 7мо одделение почнаа да користат креон и пудра.. а мене ми беше премногу срам :)
    Подоцна, крајот на 8мо одделение почнав да користам пудра и креон (не знам се уште кај ми бил паметот, затоа што имам чисто лице и воопшто немав потреба од пудра , ама дете )
    Оттогаш па се досега користам пудра (некогаш течна некогаш и камена плус) во комбинација со креон и маскара. Сенка ставив еднаш за матура и еднаш за нова година :) Не сум голем фан, а и плус мали очи имам така да ништо не ми се ни познава.
    Што се однесува на креми и такви работи , уште од мала ми ставала мајка ми , ама многу мразам креми.
    Дури и кога ќе си ставев на раце ( по желба на мајка ми ) се нервирав и после 5 минути одев и си миев раце. Не знам зошто ама и денес сум истата, на лице обавезно ставам пред да се нашминкам ама гледам да биде минимално, толку колку што ми е потребно на кожата.
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Прво професионално шминкање ми беше на 4-5 години кога мајка ми отиде да пазарува, го остварив планот кој долго го смислував, си ги извадив сите нејзини шминки, седнав креветот во спална на белиот чаршав и се нашминкав целата, а чаршавот беше уметничко дело. Мајка ми се шлогира кога дојде, ем уништен чаршав, ем шминките цели лом направени (нели нормално кога ставаш сенка со прст цела ја ставаш на око) и мислам дека ќе ме исфрлеше од дома со се чаршавот :D Али изгледа ја разнежни мојот црвен кармин па ми прости. И сум шетала после тоа низ маало така |(

    Не сум единствена знам :D
    [​IMG]

    А иначе мислам дека прво целосно шминкање ми беше за полуматура, претходно може од радозналост да сум ставела римел и креон на некој роденден ил нова година така нешто.
    Во средно на училиште ставав пудра дури во 3та или 4та година, претходно не, а секако и римел ама не секој ден, кога нема да се успијам :lol: А почнав во 2ра да искачам е тогаш се шминкав повеќе вечерно излегување нели.
     
    На La.Reina.Del.Sur, tea4e, Aleks96 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Didi-baby

    Didi-baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Уште сум мал да користам шминка.
     
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    од полуматура, навака пред тоа најприродно дури ни маскара не ставав, ама денешниве основци какви се нив им е тоа чудно.
     
  20. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Имам другарка 2 години поголема од мене, она беше 8-мо кога почна да излегува и да се шминка, и еднаш кај мене се шминкаше пред излегување... Шминкањето беше само ставање креон на долниот дел од окото од внатрешна страна, строго една црна линија и толку :D
    И така почнав и јас по неа, многу убаво ми изгледаше :!: , ни маскара ни ништо строго една линија само и нормално сјај за уста! - 7-мо бев. :rofl:
    Веќе во осмо почнав да употребувам маскара и пудра, и да се усовршувам со молививчето, :D почнав да ставам креон и од надворешниот дел на окото (малце подебела линија).
    Прва година средно продложив со истово, само пудра, маскара, креон и сјај...
    Ееее во втора ги открив коректорот и руменилото :rofl: (го пишувам постов и се превртувам од смеење )
    Од втора натака си се усовршував со гледање на туторијали и слично, и некаде четврта - 1-ва факултет се научив да си го контурирам лицето и јаболкниците со руж и го открив тушот :geek: :D

    Од тогаш навака си се шминкам без проблем, усовршена сум ехее :makeup: :D
    Порано ми требаше цел саат, сега само 20 минути за целосно да се нашминкам, а ако е вклучена и сенка тогаш 40-45 минути :)