Ми текнува на 13-14 години еднаш ставив малку шминка, многу минимално, а си мислев којзнае колку сум се нашминкала. И тоа се шминкав во вц, се криев од моите пошто ми беше срам да да, срам, незнам зошто. И скришум излегов од дома. Баш си мислев тогаш „ееее некогаш ќе се шминкам ли пред моите без да се срамам, ко најнормално нешто да е тоа“ мислев дека засекогаш ќе се срамам Морам да признаам многу сум била смотана. Колку се смеам сега на тоа кога ќе ми текне. А,кога офицјално сум почнала да се шминкам,не ми текнува. Битно сега се шминкам и што е најбитно, без никаков срам ни перде
На 13 или 14 години, прва Нова Година со друштво, ставив пудра јанг дерм најсветла што може па на сликите изгледав како со малтер мачкана... устата отцртана со црн креон и кафеав кармин Лепота
Во осмо одделние, на крајот почнав да ставам пудра, креон под окото и лабело.. малку подоцна и римел.. а сега.. е сега нема што не ставам
На полуматурата се нашминкав онака со скоро се, пудра, руж, маскара, креонче и сјај ваљда на устата. После тоа си продолжив и летото така, а во прва средно почнав да избегавам да ставам пудра секој ден. Ама без маскара мислам дека немам отидено у школо или на факултет од тогаш
На 9 години и ги грабнав шминките на мајка ми и лом се напраив ко кловн бев ко излегов од купатилото мајка ми и комшиката се згазија од смеење целата бев како прасе устата ми бесе со кафен кармин а очите ми имаа розова,жолта,црна,бела сенка све изнатрупано ружот ми беше по цело лице а само на носот имав пудра ставено маани течна шо имав стаено па и камена и лом бев
за полуматура ме имаја нашминкано и од тогаш секогаш си ставав креонче и маскара па на 16 години почнав и пудра да ставам
Во втора година средно. Имам релативно чисто лице,па тогаш прв пат купив пудра,коректор. По некоја сенка,моливче. Од секогаш поголем фан сум на препаративна козметика, за нега. Отколку на декоративната шминка. Сакам здраво лице и пазам ретко да сум нашминкана. И по шминката лицето да добие соодветна нега.
Не е за фалење, ама почнав да се шминкам кога бев осмо. Тогаш почнав да користам само пудра и римел, а подоцна, некаде во средно почнав да користам и молив за очи и руменило. Којзнае каква сум била додека да се испраксирам, кловн
Јас сум си природна лепота за моиве 14 години Ставам само лабело и ништо друго мопе кога ги гледам моине од одделение уште во шесто што ставаат пудра и шминки..сеа знаете какви се?лицата им се суви и воопшто не личат на девојчиња од 14 години !