Еве луѓе,јас денес првпат бев толку многу нашминкана ама само за сликање,братучедка ми купила професионален апарат па сакала да ми прави фотосесија па ме шминкаше,имав ставено сенка,креон,римел и малку пудра и руж.. И ок,не ми стоеја предолго,после дојдов дома,убаво го исчистив лицето,и сега очиве ко потечени сливи ми се!Вцрвенети,ми солзат,ми се затвараат,мислиш сум плачела.. Од шминката е? И кажете што да правам,едвај гледам..
Јас почнав во осмо одделение,но само маскара и сјај.Не користам пудра како другите на моја возрас ,бидејќи лицето ми е чисто.Сепак природно си е природно
Па... од пред година дена, онака кога ќе ме фатеше ќеифот да си ставам маскара. А сјајчиња мајка ми ми купуваше ододамна. Сепак сметам дека сеуште ми е рано да се мачкам со други глупости, да правам торта од моето лице, кога сметам дека природно сум многу поубава и несакам ако некој се навикне на мојата шминка кога ќе ме види без неа да помисли дека сум некое чудовиште...
Користам само маскара и сјај и тоа ретко. Ставав и пудра, но сега ми се исчисти лицето. Без навреда, ама многу ми е грдо кога ќе видам девојчиња 13-14 години нашминкани Изгледаат како некои тетки
-Сјај за усни од малечка. -Пудра многу ретко. 2-3 пати цел живот имам ставено . -Маскара дури во трета година. Срам ми е да кажам пред друштво дури Не за нешто ама повеќе се сакам себеси без нашминкани очи. -Моливче не користам често. Првпат и тоа 3 та година .
Почнав да се шминкам во втора година средно,но само креонче и маскарче.Пред тоа имав само минимална шминка за полуматурата. А официјално со сите марифети пудри,сенки и триста ми ти чуда од трета година средно
Почнав некаде по завршувањето на 8одд почнав со маскара и пудра (и мислам дека голема грешка направив со пудрата) а малку подоцна почнав и со комплет шминкање
немав некоја особена желба за шминкање(ми беше драго детството) али од мерак на големите трепки пробав со маскара у 7,некаде осмо почнав да ставам пудра,маскара,сјај и моливче продолжив вака до 2 година после моливчето го заменив со туш,а од 2ра година навака се користам некој жич црвени кармини маскара обавезно туш или молив,молив за уста,сјај у боја,коректор,пудра мн ретко а сенки само за излегување...
Не се секирај ќе ти помине , од шминката е сигурно, неможе секој да носи шминка , или пак ако не си навикната на шминка поради тоа е
Јас до седмо одд само сјај ставав,од осмо почнав да ставам и по малце маскара,а пудра ставам само на брунчиња,бидејќи ми е гадно да ставам на цело лице пудра!!
имам 18 години се шминкам и тоа само кога појдам сличајно во град ама многу малце почнав да се шминкам од крај на 3 година ама само малце не преферирам толку да се шминкам уште сум мала и убаво ми е лицето ама и глупо ми е кога видам седмооделнки нашминкани