Јас сега имам 12 години и користам само сјај за усни.Кога одам на некој роденден понекогаш ставам маскара,но тоа е се.Целосно да се шминам ќе почнам подоцна,можеби на 14 години.
Почнав да ставам сјај на 11- 12 години потоа моливче и околу 13-14 години почнав помалку пудра да ставам.
Па ево, јас сега почнав да ставам црно моливче за излегување, маскара и сјајче Тоа е се, мислам дека не е премногу. За пудри и такви работи мислам дека немам потреба, а и рано е некако..
Денеска се собравме со 2 другарки и почнавме да се шминкаме. Да,имамм почнато со шминка -малку сенка,римел и се разбира секојдневно сјајче во секоја прилика...
Јас не можам да сфатам како решението за проблематично лице е пудра? Да не бидам оф топик, од прва средно, ако у шминкање се сматра креон и чат пат кармин. Ништо друго освен тоа.
Во таа возраст на сите им се пијавуваат бољчиња ,што е сосема нормално ,а тие со тоа мислат дека со пудрата е ќе ги покријат...
Абе знам јас дека се појавуваат мозолчиња, и јас имав 15 години некогаш, и имав мозолчиња, ама јас имав по три-четири и ми ги снема за година дена, на другачките мои уште им стојат со се пудро.
Јас почнав да користам шминка за полуматура, ама онака нежно малце маскара и сјајче. А со сите тракатанции, пудри-мудри, почнав да се шминкам прва или втора година средно. Иначе пред тоа се шминкав, можеби 7-8 години уназад, секојпат кога на ТВ имаше Мис на Македонија или Мис на свет, па јас бев Мисот дома, со невестинскиот фустан на мама и цело виножито на очиве.
На 12 почнав со креонче и сјај,некогаш и маскара. Кога одев на посвечени пригоди косиртев и сина сенка ама ептен малку,колку да не е без ич. Многу уживам во шминки,затоа и сум цело време со креон и сјај в рака хаха
Жими за Нова Година што бев нашминкана, онака едноставно, инаку за некои прослави, родендени и сл. сјајче и мал слој на маскара, бидејќи од многу шминка, очите ми се вцрвенуваат. Иначе девојчиња од 13-14 години, не се лажете дека со пудра ќе ги покриете бубуљиците, уште повеќе ќе ги иритирате
Летото пред да почнам осмо одделение почнав да користам само римел и сјај. После во осмо почнав да ставам креонче а пудра почнав да користам нередовно подоцна.. мислам дека бев прва година. И сега не се шминкам многу, освен за викенди т.е. вечерни излегувања Нема потреба од брзање со шминка
јас имам 12,5 години и сакам да почнам да носам маскара но мајка ми не ми дозволува дали мислите дека е прерано? како да ја убедам?
До осмо одд. само моливче од врееме на време и сјајче. А во средно почнав и со пудри и со се. Но периодично имаше денови кога секогаш бев нашминкана а и знаев со месеци да не се шминкам.