Па некаде на крајот на 8 одделение пред почетокот на 1 година средно на летниот распуст. Бев кај бабами на гости и таму имаше еден тип кој што многу ми се свиѓаше и ги земав шминките од тетками и се нашминкав. Секако тоа не беше којзнае колку успешно но за прв пат беше супер, исто тогаш прв пат се избричи под мишки што за мене беше нешто фасцинантно. И, секако продолжив со шминкањ и по завршуање на летниот распуст. Мајками на почетокот беше маку шокирана и ми филозофираше но потоа си легнаа работите на свое место.
Јас почнав со шминкање, пред полуматурата, и тоа само пудра, маскара и моливче црно ставав во внатрешноста на окото. незнаев да ставам на горниот капак хахахаха... ииии да, сјај за усни, розеникав и светкав
Абе деца ја незнам што толку се брзате да пораснете , цел живот ке се шминкате и ке ви се здосади , не се брзај толку има време па само 12 години имаш , не за друго туку не ви личи деца сте уште
Почнав во 8-мо .. Само маскара и креон (до пола око) Имам акни, ги криев со пудра едно време, ама си реков.. Ако сега почнам да користам поштетно ќе е.. И кога престанав, ОДМА другиот ден .. Лицето супер ми беше Сега супер ми е лицето, чисто.. Освем кај надусниците.. Се депилирав пред една недела и нешто.. и уште ми стојат акни Што не ставав ништо не поминува, ставив пудра вчера, ама ништо.. е за тоа неможе
Сеуште немам почнато да користам посериозна шминка,како туш,сенка,кармин,руж...Почнав во 7 одд да користам римел и пудра,а пред тоа само ставав лабело или сјај.Римел многу ретко користам само за посебни пригоди,кога стварно треба да се дотерам/нашминкам.За излегување знаев да ставам римел,ама бидејќи мали ми се трепките и римелот не се гледа,така да престанав да ставам римел.Пудрата скоро ич не ја користам ми седи во несесерчето.Најмногу ја корстам кога ќе ми се појави некое брунче,бидејќи јас имам доста чисто лице и не ми треба пудра.А лабело и сјај секојдневно ставам,но користам некои нежни бои,така да не се приметува многу.
Од пред 2-3 месеца, но само маскара, пудра и сјајче ама ретко само за родендени (имам 14 ипол години)..
Се шминкам негде од 14 год,и тоа првпат ставив маскара и сјај за усни..,е после тоа почнав све и свашта да користам,од пудри,руменила,тушеви за очи,кармини..Обожувам да се шминкам,секој ден сум си нашминкана
И јас сум на возраст како и тебе , јас ставам само маскара , друго ништо п.с мајка ми ми дозволува ама само за излегување или свадба некоја инаку за на училиште никако
Јас во 8мо знаев некогаш да ставам креонче, римел и сјајче, ама ретко. Во 1ва средно почнав да користам креон, римел и пудра за жал, не знам кај ми бил паметот. А во 2ра година ги открив тајните на тушот, руменилото, карминот и коректорот по потреба (бидејќи лицето не ми трпи никаква пудра)
Од 7мо почнав со пудра , руж и маскара , првин онаа проѕирната , се шминкав секој ден за во школо , ама не изгледаше ништо нападно , а ја карминчиња , сјајчиња , тоа не го рачунам како почеток , сигурно од многу малечка од мерак
Сјајче уште од 5 години, друго никад. Имам моливче ставено еднаш за Нова година, а маскара сум се заколнала дека нема да ставам се до 16 година пудра и руменило нема шанси да ставам (барем не во блиска иднина). ИЧ НЕ САКАМ ДА СЕ ШМИНКАМ
од 7 одд маскара и лабело и сјај а после 2,3 година средно и пудра.молив,туш,кармин црвен и розев и руж.