На 14 или 15 не се сеќавам баш Али само креонче и кармин и за свадби кога имаше малку повеќе ставав шминка
порано ич неќев шминки а денес не можам да живеам без нив почнав да се шминкам тек на крај на средно...
Шесто за родендени свадби и сл ставав маскара само... а сега во 7 за излевање маскара и сјај а за родендени и некаде на некоја прослава малку сенка...
Искрено на 13 години меѓутоа тоа беше пудра за тинејџерска кожа, а останатите продукти со врвен квалитет се сеќавам сама си ги купував уште од тогаш сакав да се шминкам.
На 13 год. за излегување така малце пудричка,маскара и сјај ,а подоцна па исто ама малце повеќе ставав.
Во шесто одделение бевме во филм со другаркит си стававме маскара и молив за очи па се криевме од дома смешки бевме потоа седмо не практикував многу шминка осмо почнав веќе да ставам и туш прва година малку и сенка и сега сум за втора можам да ставам што сакам
Прв пат пудра во осмо, за полуматура, пре четири години. (колку старо се осеќам ) Сенки и кармини и претходно се шлакав од оние на мајка ми. Потоа почнав креон и маскара, туш немав појма што е. Пудри нејќам, уште од почетокот кога почнав да се шминкам.
минатата година (имав 13) ставав коректор на подочњаците, а сеа иам 14 и ставам коректор, туш(само навечер), римел(ретко ) и лабело
Мислам дека тоа беше некаде на 13-14 години. Осмо одделение бев и прв пат ставив малку маскара. Впрочем подолго време бев само на маскара, дури во средно при крај почнав да ставам повеќе шминка ама само за излегување. Штознам јас мислам дека не било рано. Ок е да се почне на тие години со минимална шминка ама не и да се претерува. На пудри, сенки и слични работи не треба ни да се помисли затоа што тогаш кожата на лицето е многу нежна и треба да се негува.
13-14 почнав со сенки креони и кармини.. на 17 некаде и со пудра, имам чисто лице но многу брчки и неможев да најдам пудра која не ми се собира кај брчките.. А и сега ја користам само при по свечени прилики не секој ден.. Маскара и руменило воопшто не користам сеуште..
На 13 години започнав само маскара и сјај да ставам. На 14 користев пудра, маскара, креон и сјај. Веќе од 15, па натаму за излегување на вечер ги ставам погоре наведените и плус туш. Не се шминкам многу често, поготово не во лето, затоа што лицето се поти. Обично само за излегување на вечер ставам шминка
Сјајчиња и карминчиња си ставам уште од 7-8 годинки, затоа што тука нема ништо страшно или пак штетно. Од 13-14 години малку коректор, креон, туш, маскара, сјај. Сега кога одам некаде можеби и камена пудра за да не светам и толку.