На 15 години , кога почнав прва средно само маскара и сјај , а после од втора почнав со пудра , руж , кармини .....
Основно училиште бев, и ги користев шминките што ги имав дома од мајка ми, како на пример маскара и црн креон. Подоцна направив апгрејд со течна пудра од Севентин, во осмо кај полуматура. Би сакала да останев на толку, ама сега ми се разви интересот кон шминката на велико, па не можам да престанам да користам се повеќе и повеќе.
Oд полуматура почнав да се шминкам. А мојата шминка се содржеше од маскара и малку туш. Сега иако сум средно, не практикувам често шминкање. Природно си е природно. Значи, само за некој роденден или на некоја забава. Многу соученички доаѓаат на училиште со креони, маскари у боја, сјај за усни итн... ама мене тоа ми е глупо. Женски, доаѓате на училиште, не на модна писта!!!
Негде на 11-12 години почнав да ставам сјај и маскара,ама ретко. Сега имам 13 , ставам римел и сјај скоро секој ден ,а моливче за очи за некои посебни прилики. И лабело ставам.
Не бев од многу "напредните" и се гордеам со тоа. Пред полуматура немав ни помислено на шминка, на полуматура со сила малце ме нашминкаа, си сакав натурал лук. А и па што се 14 години за да се шљакаме со пудри, кармини и слично. После, тек крајот на прва година почнав да ставам маскара, понекогаш моливче и сјајчиња. Почеток на втора година си почнав со се, дури и пудра, кармин и секако туш за очи кој денес претставува најбитен состав на мојата шминка.
Тек сега со 16 години повеќе се заинтересирав во шминка. Инаку носам само на родендени, и некои излегувања што ми се побитни. Не можам да се замислам секој ден да станувам саат и пол пред школо за да се спремам со шминки, како овие девојчињава со кои учам.
За прв пат сама се нашминкав на 12 години , користев маскара шминка и креон. После полуматурата почна в да користам пудра , руменило, сјај и кармин. Инаку се сеќавам како мала кога имав 5 години за да не плачам по мајка ми што оди на гости како сосетката за прв пат ме нашминка
па некаде од 14 год прво почнав со црно моливче и маскара па потоа не излегував никаде ни без течна пудра сјај за усни и така се до ден денес не излегувам од дома без тоа
уште од мала сум се шминкала ама многу ретко а сега се шминкам кога излегувам навечер со туш ,сенка , и кармин , и маскара а во училиште ставам само пудра или коректор и лабело
мои 15 години шминки чуда,да сум со овој памет би си почекала до 19 20 тоа цел живот ќе го правиме додека детството, е еднаш штета што не уживаме во детството сите брзаме да пораснеме кога ќе пораснеме,сфаќаме дека животот не е воопшто лесен и дека најубаво нешто било нашето безгрижно детство....
3-4 година кога бев средно, ама тоа беше појше за излагање. А негде на 21-22год почнав редовно да си се шминкам (секој ден)
Како мала со шминките на мама и со оние бебешките.Иначе од лани па до сега само за на свадба малце маскара и сјај.Пудра, креон, кармин и тие работи, никогаш, бљак