Ако сјајот и лабелото се важат тогаш уште од 10-11 години а течна пудра почнав да ставам сега брзо но ретко,само кога имам поголема потреба
На 5 години. Тогаш прв пат се нашминкав. Кога ги начекав шминките на мајка ми... оние за специјални прилики што едвај ги користеше, па кога се нашлапав со се што ми дојде при рака, ехеее.... После паузирав 10 тина години па продолжив, медиум-нашлапувања, експериментирања и слично до 17 тата година. Дури од 18 си изградив стил со кој не личам на ракун во очите
Кога имав 11 години ептен ретко за некои посебни прилики се шминкав, маскара и сјајче.Потоа до 13 години си останав на креонче, маскара и сјај, а сега туш понекогаш сенка, карминче, зависи приликата и расположението.
Од 11 год. си користам сјајче и маскара,и сега тоа си користам за секојдневието а за родендени,слави,свадби,бла-бла си се шминкам,на мој начин,не многу нападно
Активно на 15 години.Пред тоа до 11 години само за дома се шминкав..можев директно како кловн да се вработам.Но и сега користам само маскара и многу ретко моливче и пудра.
Уште од ептен мала имав огромна желба за шминки,не знам ме фасцинираа сите бои,форми.А,не сум,ниту бев некоја уметничка душа што сака да ги користи како начин на изразување на себеси,како вид на уметност.Затоа договорот беше имам шминки,ама не смеам да ги користам. После ми помина таа фаза и прв пат ставив моливче и маскара некаде во 8мо одделение.А,пудра,коректор,маскара,сјајче дури во трета година средно. Лабелата не ги сметам за шминка, нив ги шлакам по мене од секогаш.
Со шминка почнав некаде од 1година средно и тоа почнав со креонче црно на очите па потоа римел па после тудра и сенки некаде кај 2средно почнав асално да се шминкам
Некаде на 14-15 години почнав со креонче и маскара После тоа во 2ра година средно имав веќе моја колекција со секакви шминки и почнав да си се шминкам редновно
Од прва или втора средно некаде, ама минимална шминка, не сум многу за шлакање сешто на лице, повеќе природен изглед сакам.
Крајот на осмо ,прв пат за табло се нашминкав така целосно и убаво. Оттогаш на секое излегување мислам ноќно се шминкам.
Шминка користам од седмо одд,тогаш бев гооолема девојка и излегував со другарки и мораше да има шминка
Со пудра и руменило од 1ва средно а потоа постепено почнав и моливче и маскара да ставам, а со сенки и други козметички прерапрати за убавина почнав да се замарам дури на факс
Втора година на факултет И тоа само коректор (т.е. стик пудра), маскара и моливче. И ден денес не користам пудра, а сенки нанесувам отприлика еднаш месечно