Лабело и сјајче, шо не ги рачунам за шминки ставам од мала. Се шлакав постојано. Креонче и маскара почнав да ставам негде 2ра или 3та година средно и тоа не секојдневно. Со пудри и сл. тракатанци почнав да се занимавам кога почнав на факултет, макар шо и сега не користам многу шминка. Се водам по тоа Less is more
И ден денес не користам многу шминка, освен туш, сенки и кармин понекогаш, инаку почнав во втора година средно.
Шминка?Хмм..првпат ставив туш на мојата матура. (такашто тоа го сметам за прво шминкање) Не практикувам воопшто да се шминкам.
Јас ставав маскара и сјај уште од 7-8 одд. ама кога ги гледам сликите, тоа воопшто не се ни познавало. )
Најпрв пат се нашминкав на полуматура и од тогаш се шминкав на искачање, а за во школо почнав да се шминкам од втора година средно (маскара, црно моливче и евентуално безбојно/ кожа боја сјајче)
Мислам дека прашањето тука треба да е Како и да е сакав да ве прашам дали треба да почнам да се шминкам малку од малку зошто имам 14 год. И што Би било по прикладно за мои години
Јас од претходната година(7одд) почнав да ставам маскара, креон и лабелце само кога излегувавме и на родендени и уште сум само на тоа.
Скоро цел живот Уште од мала ја гледав мајками како се шминка ми беше интересно онака по малце почнав на 9 год со сјај за усни и за по роденденени и настани мајками ме шминкаше после по сериозно на 12 почнав маскара креон кармин ајлајнер... и се тоа и до ден денес си експериментирам со сите можни шминки и се по дома имам купишта и купишта едноставно ги обожавам без нив неможам и си учам од јутуб и од мајками знам многу трикови и така. Инаку мислам дека можеби и тие девет години на кој почнав и не беа соодветни ама што да се прави инат невиден
На полуматура ставив само пудра, нежна розевка сенка, лабело, сјајче и маскара. Па еден период си правев пауза, се до пред една година кога си почнав активно да си употребувам шминка. Сега си користам скоро се, убаво е да бидеш секогаш средена.
Од 16 до 18 воглавно маскара користев намерно за да не изгледам постара отколку што навистина бев. Стварно, која е поентата да изгледаш како некое старо-мало. (како што имаат навика да речат од мојот крај). А од 18 навака си експериментирам повеќе. Веќе се усовршив и знам која шминка најдобро ми ги истакнува цртите на лицето.