1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На која возраст почнавте да користите шминка?

Дискусија во 'Лице' започната од Rock-a-Fella, 1 мај 2011.

  1. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    прв пат целосно ме нашминкааа за полуматура, апретходно само еднаш одвај успеам да ставам креон и цел ден ми солзеа очите. после полуматура ставав само маскара и првата пудра и првите штикли ги купив во 2ра године а првиот руж во 4та година. се шминкам само за вечерни излегувања, а денски само кога кријам некоја мозолка две на лицето. и се трудам шминката да изгледа природно и само да ми ги истакни убавите делови. :)
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Во осмо одд. значи мои 14 години за прв пат си ставив црно моливче и безбојно сјајче за усни.
    Многу бев среќна.
    Тоа моливчето ми даде еден сосем поинаков лик во огледало, до ден денешен сме неразделни другарчиња.
    Подоцна, во текот на средното, ја запознав другарката пудра, па маскарата, итн...
    Не започнав да користам се' одеднаш, етапно си ги воведував овие десетина и кусур години.
    :)
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Уште во осмо се шминкав ама ептен дискретно. Сјај и маскара, евентуално моливче за очи. Друго ништо. За полуматура првпат ме нашминкаа комплетно. Многу бев задоволна од тоа како изгледам. :)
    И така, во прва средно почнав редовно да користам шминка.
     
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    На распуст од шестто за седмо, на 12,5 години. Започнав со малку пудра, моливче и маскара.
    Сега веќе ставам повеќе шминка, но не многу темни тонови, а и тушот го обожавам. :inlove:
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    јас доцна процветав :)
    во средно немав навика да се шминкам за секој ден, и се шминкав релаксирано за ислегување, моливче, маскара, сјај+црвен кармин, во душа ми лежи

    откако почнав факултет поинтензивно се шминкам ама без претерување, еве уште не можам да се натерам да почнам да користам пудра многу ми е неприродно
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Уф, редовно и интензивно на 22 години, а можеби и подоцна. Мразев долго време шминка. На себе, на други обожавав да ја гледам, да ја ставам, но на мене бог да чува!

    Во основно, односно на крај на основно и почеток на средно се сеќавам дека на настапи морав да бидам сценски нашминкана, па ме седнуваа шминкерите и со сила ме шминкаа. А јас им мрчев - ама јас сум алергична на шминка :D
    Којзнае што мака виделе со мене.
    Не знам зошто но имав некој отпор кон шминката. Си викам што ќе си го упропастувам лицето толку млада а и плус кога ги гледав сите околу мене со онаа мода на 80тите кои изгледаа ко тетките пред 26ти Јули, си викам, па не сакам да изгледам волку изживеано :lol:

    И така. Ден, по ден, месец по месец, година по година, шминката ми стана секојдневие. И денес сум толку изпраксирана што и кога доцнам за на работа, доволни ми се десетина минути да се подготвам.
    И дваесет минути додека да ја симнам.

    Спиди Гонзалица наутро, Слоу Поко навечер :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ако добро ме држи сеќавањето тогаш мојот прв контакт со шминка беше во основно кога имав 13-14 години! :tmi: Сега си велам дека ептен мала сум била,ама тогаш сигурно многу голема сум се осеќала со шминка :makeup: ! Сепак во тоа време не се шминкав интензивно и секојдневно! Ставав само маааалку пудра (за да ги прикријам тинејџерските брунчиња), маскара и некоја побледа сенка и тоа исклучително само за специјални пригоди (излегување со другарките) ;)

    Кога започнав да одам во средно почнав да користам поинтензивно шминка, скоро и не излегував без шминка меѓутоа уште од тогаш сум правел разлика во шминка за на школо (која беше ептен лесна и невпечатлива) и шминка за излегување (појака и забележителна) Карминот во тоа време беше строго забранет за мене и не го користев воопшто!

    Сега веќе шминката ми е баш секојдневие, се шминкам секој ден и го правам тоа од мерак!
     
  8. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Во средно 17,18 години исклуЧително на излегуванје само,преку ден или во сколо не одев со сминка,може маскара само,сега поЧесто ја користам,коа повеке,кога помалку во зависност од пригодата :makeup: :)
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Прв пат целосно се нашминкав за полуматура. Во средно немав навика да се шминкам, се шминкав за ислегување и посебни прилики, пудра, руж, маскара, сјај. Но откако завршив средно почнав поинтензивно да се шминкам. И да е жив и здрав you tube што го имаме па од таму научив да се шминкам :makeup: и лицкам. Значи негде од 17/18 години станав зависник од шминки едноставно ги обожавам. :inlove:
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Cе секавам дека имавме слава и јас се "шмугнав" кај стрина да ме нашминка,и ми стави моливче и се утепав од плачење ;( :lol: тогаш имав 13-14 год.и оттогаш натака се повеке навлегував во make up world,а се секавам дека поима немав што е руменило,па другарките ми се смееа :wasntme:
     
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Прв пат почнав да ставам кармин кога бев 4-то, 5-то одд. , се сеќавам и со карминче и тоа црвено се шетав по улица и еден комшија ми извади надимак Рубин Кармин :lol: , тогаш се усрамив и веќе не се црвев. :makeup:
    Во пубертетот ми излегоа мозолчиња и кога одев во школо ставав пудра за да ги прикријам, срам ми беше таква крастава да одам, тогаш нели се појавуваат првите симпатии. Во осмо одд. се запознав со креон и римел, ама наставниците не не пуштаа да се шминкаме така што ставав само кога излегувавме (тогаш шетавме низ маало и до парк и излез строго до 22ч). :)
    Во средно веќе активно нанесував пудра од истите претходно наведени причини, креон, римел и сјајче, дискретна шминка. Вешерното излегување беше со поизразена шминка иако никогаш не претерував, секогаш бев нежно нашминкана колку да се рече имам шминка, да се разубавам.
    И до ден денес така се шминкам. Морам да признаам дека не сум фанатик по шминка, се шминкам за 5-7 мин. екстра брзо, само основното.
     
  12. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Од мала сакав да се шминкам од 7одд,8одд за во школо не ни даваа ама закај другарка по гости обавезно си ставав креон,римел.Кога се змомував пубертетот обавезно за излегување се шминкав во тон ако сум облечена во сино сина шминка,сини обечки и до денес внимавам на шминката и се да ми е складно спрема гардеробата.Често купувам шминки и сакам да се шминкам во недела ден не се шминкам практикувам тој ден да ми се одмара лицето.
     
  13. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    За првпат се нашминкав, барем колку што ме држи меморијата за Матурската прослава.Но во ,,наше време,, навистина немаше многу девојчиња кој се шминкаа за на школо како што е случај сега.
     
    На Quuen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Тоа што како мала крадев шминки од несесерот на мајка и скришно се шминкав, пу пу не се важи :D
    Шала на страна, прв пат почнав да користам пудра во 8мо одделение, и тоа од веќе 100 пати спомнатата Deline, плус ставав само на местата каде што имав некоја мозолка, колку да ми покрие, пошто ми беше срам да одам во школо таква прошарана во лицето (па и до ден денес ми е!). Ние бевме генерација во која дури и девојчињата од 7мо одделение ставаа пудри и римели (се сеќавам во женското ве-це секогаш имаше толпа девојчулиња кои се шлакаа пред огледалата, де сјаеви, де маскара, де пудричка - живи глупости), среќа јас не бев една од нив, останав само со крем-пудрата и тоа благодарение на мајка ми, на која од почеток и се лутев, ама сега сум и ептен благодарна што не дозволила да изигравам кловн на едни смешни 13/14 годинки. И на тогашните излегувања ставав само маскара, пудра и чат-пат црно моливче - строго на внатрешниот раб и уште повеќе ми ги должеше и закосуваше моите и така ''јапонско-кинески'' коси очиња и денеска, нормално одамна е исфрлено од употреба :D
    Немав некоја којзнае каква шминка ниту на полуматурата (сама се шминкав - горенаведените компоненти + сенка :rock: )
    Од тогаш, па се до денес напишав во сличните теми од што се состои мојата тако звана дневна и вечерна шминка.
    Тенк ју лејдис :bow:
     
  15. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    И крадев на мајка ми од шминките како мала..некои промашени сенки..бои на очајот..кои никој не ги употребува.."Најпрофесионално" го нанесував руменилото..такви кругови не сте виделе..прав кловн....
    Кога одевме на екскурзија..сите масовно се шминкавме со ИСТА сенка :D
    За полуматура бев онака комплетно нашминкана..мислам дека пудра тогаш прв пат ставив...
    Потоа во прва година средно почнав редовно да употребувам течна пудра..маскара,моливче,сјајче...
    Па за излегување почнав со туш...(кој не го љубам многу..)..мешање на разни сенки..и сега обожавам да се шминкам!!
    И најмногу си се бендисувам..кога сама си се шминкам! 8)
     
  16. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    па јас и ден денес не користам многу шминка,дома не се шминкам,кога искачам некаде строго маскара и сјај за уста,а комплетна шминка користам само за некој посвечен момент :D
     
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Прв пат се нашминкав во 8 мо одделение за полуматура, прв пат ставив сјајче, римел и сенка.
    Не користам и ден денес многу шминка, само малку пудра, сјај, римел и доста е и тоа ретко ретко, ептен кога одам во дискотека или на некој важен настан, инаку не :)
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    :D :D Прв пат кога во четврто одделение бевме на Пелистер, една недела со учителката. Е таму сите се шминкавме од иста шминка, и тоа така КВАЛИТЕТНО се шминкавме, абе чиниш маскембал :D
    Некаде 7мо-8мо почнав моливче црно да користам.
    А прв пат се НАШМИНКАВ за полуматура, со маскари, бронзери и тинтири-минтири.
    Потоа почнав маскара редовно да користам и си се дружиме до ден денес.
    Пудра ич не сакав да ставам. Почнав некаде во 4та средно со пудрата, ама сега за излегување ми е неизбежна.
     
  19. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Како скоро сите девојчиња така и јас како помала од време на време си ставав кармини од мама, ама ништо посебно. Се сеќавам за првпат убаво се нашминкав (поточно ме нашминка поголемата братучетка) во 7 - мо одделение и на тоа остана. Следниот пат беше за полуматурската вечер и стагнираше еден доста долг период. После тоа се шминкав, ама многу ретко, само за позначајни настани.
     
  20. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :) Прв дел од шминката што го користев беше еден Шанел сјај, што мајка ми го купи, ама не и стоеше и ми го даде.Мислам дека имав 11 години.Од тогаш почнав да користам само сјаеви,а нешто покасно течна пудра и маскара, мислам кога имав 12 години.А некаде на 14, почнав да користам коректор и моливче(нормално, за посебни прилики) ;)