Па еве веќе скоро 16 години и не се шминкам. Не сфаќам која е потребата секојдневно да имаш шминка на лицето. Добро, за одредени прилики можеби... Ама онака ептен ретко се шминкам. А од шминка, само малку маскара, пудра, оноа за покривање подочњаци не знам како се вика хаха, моливче и тоа е тоа.
Од 13 години, ама не баш шминкање само ставам маскара и пудра за на училиште, за некои ситни акни, а шминкање со туш триста чуда само за именден еднаш мислам.
Од 15/16 г.... од дете по цел ден надвор што играло, одеднаш стануваш млада девојка па ајде малку маскара, сјај, па туш па не знам што. И после веќе имаш се почеста дружба со шминките.
Поприлично касно. 2-3година средно ко бев, значи 16-17-18 години, овде негде по малце почнав. Прво само со маскара и некое сјајче. После то почнав да користам пудра еден краток период околу 18ката и сега пак скроз ја исфрлив од употреба.
Во основно почнав да ставам пудра и сјај за усни. Си купив и розово моливче за очи со светки. Во средно купив црн молив за очи, потоа маскара, а кармин купив пред матурата.
Иште кун 7мо8мо ставав пудра ради акни. Фала богу кратко ме мачеа и немам ни лузни ништо и скоро никогаш не носам шминка. Затоа кога ке се подсредам имам wow ефект
Во 3та година почнав за на училиште да ставам пудра. До тогаш, освен крем, лицето ми немаше видено друга шминка
Почнав од 5 до 9 години со сјајче и маскара (но некој пат само за по дома се шлакав со пудри ). Сериозно почнав од 10 години: коректори, пудри, масакри, туш (само за излегување, не за нашколо!), компактна пудра,... имам и четкички и се. Сега сум 13 и немам никакви бубуљици, бидејќи пудрата не штети на лицето, доколку навечер ја отстраниме. Шминката ја вадам со кокосово масло и влажни марамчиња прво, а потоа со скруб за лице и тоник се чистам а на крај ставам млеко за лице. Инаку про сум во шминкање (некогаш и мама ја шминкам за некои пригоди)..