Зависи шо подразбирате под шминка.Дури летото према 9то почнав да ставам маскара.И еве после скоро 1 година 9то сум уште тоа го користам.И само за искачање.Маскара лабело/сјај и моливче на очите но со нежна боја(ненападно да е) .Пудра не ни помислувам да стаам,не глумам возрасна девојка. како мала сум се шлакала со шминката на мајка ми,али не е исто.
на 18 години и тоа не се шминкам многу само пудра лесна,маскара,малку бронзер,малку молив за веѓи и карминче.За искачање може само туш да ставам и тоа е тоа
Мајка ми кога се зачлени во Авон (негде петто-шесто одделение) и од тогаш цело време сум со шминка. Почнав само со пудра бидејќи ми излегуваа бубулички, а од 3та година во средно почнав со сенки и сјаеви за денес секое сабајле да одам на факултет со full make up face (хајлајтер, бронзер, кармин...). Сега се каам зошто толку рано почнав да се трујам со шминки, но тоа време не размислував така
Од 7мо одд Пудра(јанг дерм ),римел,лабело Можда и некое црно моливче ,тогаш беше хит серијата "Клон" па се замислував Жаде дека имав и коса таква Којзнае како сум се шкртала.
Прв пат мајка ми ме нашминка, туто комплето, во прво одделение..за настап на телевизија со танчарската група Радостии беше. Тоа беше за пробата... учителката се изнадрнда како не требало, а на денот на настапот, утредента...родителите си ги донесоа дериштенцата исти ко мене, дури и косите им ги направиле ко мајка ми шо ми ја направи Од тогаш мразам кога некој ме копира Иначе,мислам 7мо-8мо почнавме да ставаме некои лабела што се мацкаа со прст и ја црвеа устата.. потоа средно почнав молив за очи да користам и римел..подоцна кон крајот на средно и пудра и така.
15 муц..маскара,некогаш некоја сенка беж боја и мн ретко ајлајнер,кармин поретко,лабело.... така да од 15 години муциња...
На факултет,кога почнав прва најмногу веројатно мерак ми било ама не многу онака дискретно,потоа ми здосади па така да имаше денови кога идев само со лабело на уста,а кога бев малку спиена или па ич гледав да ставам шминка за да ми го камуфлира уморниот изглед на лице.
Како дете уште ги терав дома да ми купуваат шминки,ме фасцинираа бои,кутивчиња,светки. Ама никогаш не ми беше дозволено да ги употребувам,за да не си ја расипам кожата. Повеќе ги користев за мачкање по кукли и хартија,иако најголем дел од нив беа шминки за возрасни,што внимателно си ги бирав од списанија. Дете Лабела си користев редовно од мала ептен,а првиот креон, маскара и сјај ги купив некаде во 7-8 одделение. Се сеќавам дека толку внимателно ја ставав маскарате за да не изгледа дека сум многу нашминкана,што воопшто и не се познаваше. Втора година средно си ги купив првите сенки,ама пак не ги користев за излегување,само за мачкање по дома. Веќе трета средно ја купив првата пудра,руменило,сенки,маскара,кои што ги користев понекогаш така,за излегување.
Во 8мо оделение само маскара и сјајче и за полуматура само со сенка ме нашминкаа ни пудри ни чуда , и почетокот на прва средно така со маскара само и после прекинав да се замарам и само целосно нашминкана бев за матура и од тогаш почнав со убаво шминкање, значи на 19 години
Па прв пат се нашминкав за полуматура онака целосно, а сега користам само римел,сјај и коректор ако е потребно, друго не, уште сум мала