Шминка почнав да користам во 8 одделение, ја користев течната пудра на јанг дерм за да ги прекријам акните кои почнаа да ми искачаат, а кога почнав во средно користев маскара и сјај. и така.
Јас не се сеќавам, средно некаде изгледа. Мајка ми ми кажува дека ни како мало не сум била заинтересира на шминки, за разлика од сестра ми која цело време и крадела сенки и кармини и се мачкала Јас не сум имала никаква желба ниту да пробам. Во средно не се шминкав за на школо зашто имам чисто лице не ставав пудра, а креон ставав така почесто и тоа е се. За викендите пудра, маскара и сјај ми беа врв Сега за преку ден ставам пудра, креон и руменило. А за навечер во зависност од пригодата, знам понекогаш и да експериментирам со сенки
Мислам дека беше на 15-16 години кога започнав со средно училиште ама се шминкав само маскара, само за излегуање ставав течна пудра и креон
Јас почнав во 8-мо да ставам малце пудра, оти тогаш започнаја да ми се појавуваат мозолчиња и маскара ништо друго, ама ставав само кога одев на родендени или ретко кога ќе излезевме со другарките . Потоа во средно започнав да се шминкам малце поќе т.е. ставав некогаш плус руменило и сјај.
Активно? Најверојатно втора средно. До осмо ставав само сјај и креон некогаш, во прва мислев дека се шминкам ама не се шминкав.. Летото прва кон втора почнав да се вежбам по дома, и да учам.
Ух многу касно од денот на мојата матурска така почесто, меѓутоа не сум многу љубител на шминка! А доколку ја користам сакам да биде нешто едноставно, нежно и не нападно.
Па некаде 8-мо одделение онака почнав по малце , за полуматура потоа од прва година средно почнав секојдневно да користам
па вака со маскарата се запознав во 7 одделение (13 г)сјајот го користам од 11-12 год пудрата не ми е потребна имам многу Чисто лице а неогаш за излегување клавам руменило и туш или моливче
почнав да се шминкам во осмо одделение.најпрво ставав само маскара и сјајче (понекогаш за на училиште) а за излегување стално.потоа почнаа да ми се појавуват и мозолчиња и сакав да ги прикријам некако па така почнав да го користам и коректорот.кога немав коректор а несакав да ми го гледаат лицето со мозолчиња започнав и со пудра(камена).креон почнав да ставам од нова година па наваму и тоа само за излегување на вечер но не стално.на професиоланен шминкер исто така бев за прв пат во осмо за на брачедами свадбата и бидејќи мајка ми се шнимкаше сакав и јас и потоа и за полуматура бев на професинален шминкер.
до 18 год дури учев средно се шминкав само онака за излегување и тоа само пудра креон и маскара а за на фах почнав понекогач да се шминкам и за на предавања зависи колку ќе бев навреме станата
Почнав да се шминкам на 12 години,и тоа од старт со црни креони и мнооогу слоеви на маскара. Плус сјај,задолжително. Никој не ми веруваше дека сум толку мало
од 7 одделение одкако почнаа акните да ми излегуваат,почнав со пудра и ништо друг,потоа маскара и сјај,не сакам многу јак шминка
Уште од ептен мала, се криев со карминот на тераса. И карминот ми беше и сенка и кармин. И после кога ќе ме видеше татко мии... Црвена цела.. А вака за шминкање.. немам поим искрено. Од помала возраст, но многу малце. Ич не користам шминки, иако имам. Само маскара (еднаш во 3 месеци), а сјајче уште поретко.
На 14 години, малку експериментирање со креони и слични глупости, за на крај да останам на крем пудра и маскара. И до ден денес само тоа...