Осмо одделение, маскара и сјај. Средно во втора и трета редовно си се шљакав, и од тогаш престанав, многу малку ставам шминка и морам да признаам, многу поубава сум си без.
Крајот на 6-то одделение. Можеби имав 12/13 години. Прво започнав со сјај, креон и маскара тука беше нанесување во умерена количина и за посебни прилики. Потоа почнав да ставам многу креон и на горниот капак се исцртував, . Сега веќе си се шминкам најнормално и на секое излегување.
Па, уште од петто си ставав сјајчиња ама тоа не се важи ваљда.. А накај седмо мајка ми ми купи пудра на база на вода, што уствари не беше пудра зошто испаруваше одма, и изгледаше како крем за раце само со малце боја Мислев дека се шминкам ехее. а нема везе Веќе во осмо почнав се да си користам,креон,сенки, руменило, пудра,маскара итн и од тогаш до сега сеуште..
Прв пат се нашминкав за полуматурата, после тоа не користев шминка ретко некогаш. На почетокот на втора година почнав почесто да се шминкам, но секако онаа минимална шминка освен за посебни прилики.
Прв пат ставив кога бев прва или втора година средно и тоа само креон и понатаму се останато како што си идеше...
Пудра почнав да ставам од седмо одделение, ама само на мозолчињата зашто уште од тогаш имам проблематична кожа. Во осмо маскарата ми беше задолжителна и сјајчето за усни. Комплетен make up имав за полуматура. Е после кога тргнав средно почнав повеќе да се шминкам. Ставав и сенки за очи ама во неутрални бои, маскара, сјајче, пудра ( ја користев Young derm некако најмногу ми одговараше тогаш). Сега се шминкам секој ден, пудра и маскара обавезно, за на факултет ставам и туш, понекогаш сенки и така.
Прв пат се нашминкав за полуматурата и после тоа долго време само црно моливче и со време комплетна шминка
Почнав од 8 одд.уште од времето коа се идеше по дискава на јуниор парти ама секогаш сум се шминкала нежно и дискретно,римел малце и лабело или сјајче,ако воошто се смета тоа за некое си шминкање!
јас започнав во седмо одделение бидејќи имав проблематична кожа ама користев лесна пудра, маскара и сјајче
Од седмо одделение со пудра, бидеjки лиценцево ми беше наjфино и наjмазно нели онака пубертетски, маскара и малце креонче од краj на осмо, а за озбилно со сенки со се лето прва за втора.
Јас почнав со секојдневно ставање на пудра и римел на 15 години..не излегував од дома без пудра,без пудра исто ми беше како топлес да сум ...имам нерамномерен тен на лицето и најмонгу заради тоа...а од шминки највеќе употребувам пудра,римел,моливче за очи и лабело..сенки,кармин и сјај многу ретко ставам
Почнав со шминка на 15 години, значи лани Пудра многу ретко користам, обично за време на менструација бидејќи тогаш се случува да ми излезе чудовиште на лицето, а инаку ми е чисто фала богу. Не сум некоја што претерува со шминка, на излегување само сиво моливче на очите, маскара и сјај на усните. Сосем доволно ми е за мои години
Па....почнав да се шминкам од 4 години, кога и го начекав на располагање несесерот на мама и толку бев професионална, што уште од тогаш сум знаела дека во мода ќе бидат силиконски уста, па сум се мачкала до нос, до брада,од едното до другото уво, а очите ... прича за себе-ко травестит! И така се до 5-6 години, кога морав да имам прекин и да ја одморам кожата и на лицето и на газето оти ми беше црвено, поради користење и уништување на туѓа шминка без прашање. После продолжив некаде во 7 одд. кога почнаа да ми излегуваат првите пубертетски бубуљици,ставав неубаво размачкана пудра само и малку римел,а устата бледа,како на покојник и замислете - уште сум мислела и дека сум убава!!! Дури сега ми е јасно зашто симпатијата бегаше како попарен петел, многу знаел тој што е ФЕШН! :geek: Е после во средно, ама тоа веќе е друга приказна!
за денска шема користам само сјајче а за вечерно излегување користам маскара, сенка со нијанса на месо боја (бидејќи ми се познаваат капилари) и малку пудра таму каде што имам мозолки.
Пааа во седмо одделение ставав сјај, за полуматура прв пат ставив пудра, и тоа камена!! без подлога и многу малце креон...Е негде на 16 години почнав да се шлакам со пудри и со маскара...на што всушност и до ден денес останав Не ме бива баш за сенки и за такви ствари
Почнав да користам шминка на 15 год. кога завршив основно и кога почнав средно ставав и креон и пудра секој ден...пудра морав затоа што имам пробчематична кожа
Почнав во 8 одделение да ставам малку течна пудра поради акните, и некогаш ставав моливче и малку маскара. А сега речиси секогаш за искачање ставам моливче , пудра , маскара и сјај.
Е читајки ве гледам дека јас прилично рано сум ја открила магијата на шминката Во 4 одд почнав да користам моливче за очи. После имаше еден период кога мајка ми си купи едно карминче многу убава боја па и за на школо си ставав, бев шесто одд. во седмо некогаш ставав и пудра (не дека ми била потребна ама ајде... ) со комплетна шминка започнав штом почнав да излегувам, значи после полуматурата.