Јас си почнав од 7мо одделение мислам Али ништо нападно. Како мала си знаев да се фрцкам по дома со кармините на мајка ми, од мала почнав и еве ме.. Сега нормално си се шминкам, не секогаш
од 5 години . тогаш сум глумела манекенка и само сум се шминкала па од тогаш до сега користам шмнка .
Во 8мо одделение само пудра ставав поради тоа што ми се појавија акни. И лабела што оставаат боја користев. А онака право шминкање, со моливчиња, маскари, сенки, сјаеви, руменила итн. во втора средно. Назаден случај бев во споредба со врсничките. xD
Редовно почнав да се шминкам во трета средно, секое сабајле буквално. Претходно само за викенди, преку недела особено прва смена коа бев страшно ме мрзеше. После трета ми премина во навика и некогаш се курчам зашто имам потреба да се шлапам со пудра.
некако шминкањето ми дојде постепено, прво се шминкав нередовно Спојлер од на мама шминките крадев , потоа почнав само за викенд,прва година средно Спојлер крадев од сестра ми , потоА почнав почесто, Спојлер сама си купував меѓутоа не се шминкам премногу маскара, креон, сјајче и поретко пудра... Спојлер поготово летно време не е за пудра, џабе ќе ја ставам
Aма се заигра со сполериве а ? Он топик шминка користам од 14-15 ... 14 само моливче и сјај ... 15 се замрав со тушови и слични срања станував од 6 за да ставам туш . Пубертетот добро ме протресе . Другите не можеа очи да отворат јас се шлакав од сабајле ц.ц.ц . Како и да е ми дојде паметот го тргнав тушот , земав сјај и маскара и толку. После се до ден денешен се шминкам кога ќе ми текне не ми е проблем и без шминка да излезам . Ако ми е свеж ликот немам гајле некогаш сум Хаос . Toгаш го земам она со кое сите жени речиси се убави чудото во туба
од 14 години и ден денеска исто си се шминкам креонче, маскара и сјај и нормално за излагање сенка и кармин некогаш
На полуматура така некоја понежна шминка, па потоа само креон И мразам кога ќе ги видам малине како уште од 5годинки се шлапаат со кармини и шминки
Имав јас голема желба да се шминкам, со душа чекав слави, свадби, родендени, сликање во школо и други слични свечености за да се изгребам некој кармин од мајка ми и можда слој маскара. Се гледам на сликата во 4 одд. со еден кафен кармин и кафен римел тоа ми е мејк-ап од братучетка ми... Мајка ми не е многу по шминките, има само основни работи, кармини, маскара и по некој креон. Ама затоа имав постара братучетка од која си позајмував шминки. Почнав негде 6-7 одд. со црно моливче, маскара и течна пудра (Јанг дерм или Делине), а потоа како поминуваше времето т.е. од ден на ден имав се повеќе и повеќе. Но сепак шминкање во вистинска смисла на зборот почнав да практикувам после 2 година средно, претходно ем што незнаев да се нашминкам како што треба, и ми беше срам да излезам така нашминкана со сенки, кармини и триста ми ти чуда. Е после 3 година, значи негде 16-17 години почнав да си играм со шминките, да експериментирам, да учам и да се усовршувам, и засега добро ми оди .
13-14 ,,, Али тоа беше онака Сјај Маскара и Креон ... А пудаа почнав крајот на 8-мо али ептеен ретко ставам ... само за време на меструација кога се појавуваати тиее брунчиња