Почнав да се шминкам на 15 години, тогаш најчесто употребував маскара и сјајче за уста, после 2 години пријавив интерес и за нешто повеќе како на пример сенки пудра руменило, пудрата во последно време гледам колку помалку шо можам да ја користам, сепак лето е на лицето му треба нешто лесно и освежувачко
Уште од малечка сум појавила интерес за шминкање, секако тоа било тајно со шминките на мама Инаку така озбилно започнав да се шминкам на 16 години, вклучувајќи пудра, маскара, сенки, моливче и сјај, а сега пред неполна пола година започнав и руменило, туш итн
шминка користам од мала (и тоа САМО поради сценските настапи)а таа шминка се состоеше одкармин и руж...а да се шминкам за излагање (мислам на сенка, римел, моливче и тие работи...)почнав некаде на 15 год (и тоа веќе ако ептен беше приликата)...пудра немам ставено НИКОГАШ, и не намеравам да ставам
На 15 години. Кога бев прва година средно. Во мојата гимназија сме во смена прва и трета година, и втора и четврта. И ние пилиштарци, демек поубави од поголемите, да им се преправаме, и шминкај се. Тоа пудри, маскари, креони. Појди на училиште не нешминкана, врати се дома како ѓаол Па забавно ни било. Еј, видете колку сме поубави од вас И од тогаш си се шминкам, но не претерано, само пудра, маскара и сјајче. Е сега за излегување малку повеќе, нормално
Некаде 11 имав, само креон ставав, ама филмот ми беше тоа ја имитирав Аврил После 8одд почнав минимално некогаш да ставам, и веќе од прва година редовно. Ама не користам многу шминка, креон/маскара/лабело, ретко сенка во некоја неутрална боја и тоа е се.
Почнав во 7 одд ама само маскара сјајче потоа и креони и продолжив,ама не користам многу само за посебни моменти
почетоците беа уште од мала (се секавам кога една од соседките ме шминкаше, многу сакаше дечиња, а јас ко единствено девојче во зградата ја имав таа срека ) на полуматурата ете малку така нашминкана(со асистенција на тета и нејзините шминки ) а веке на 16 години почнав да се шминкам
Во осмо почнав креон и сајај а сега више користам се можно (за искачање) а вака преку ден за во школо и сл. само пудра римел лабело и бронзер или руж малце... природно да биде
На полуматура прв пат ставив шминка на лице онака што се вика се и сешто.. за навечер и не ставам баш..бидејки имам рунеми образи и црни очи..не ми ни треба шминка..а преку ден станам само коректор бидејки некогаш имам подочњаци -.-
Почнав да користам шминка после полуматурската Во 8 одд ставав малку маскара а после полуматура креон,пудра,и.т.н.
За полуматура - маскара, пудра и сјај. Во прва почнав да ставам коректор и маскара за секој ден, а негде при крај на втора и пудра. Сега сфатив дека ми е многу напорно да се замарам дали убаво сум ја нанела пудрата, дали ми се размачкала маскарата.. Само едно лабело и доволно ми е.
На 13 год, памтам имав долги расправии со мајка ми, упорно ме убедваше дека сум мала за толку да се шминкам ама земајки го фактот дека тогаш почнав да излегвам па и разбирливо е , иначе обожавав по 2 сати да трошам на шминкање, а сега 3 пати помалку ставам шминка
За сликање за табло за полуматура прв пат ставив пудро на лицево па та на полуматурската и толку потоа и толку. А потоа во прва година кога почнав да излегувам почнав и да се шминкам..
Не сум многу заинтересирана за шминкањето ама почнав да се шминкам уште на 12г..морав зошто одам на играорна и бараат многу јака шминка за концертите и затоа