На 15 онака, пред тоа само некад ставав маскара и сјајче а сега малце пудра да покријам некогаш бубулички, маскара и сјајче
Од многу мала, почнав да се чкртам со шминките на мама, го облекував нејзиниот невестински фустан и мислев дека сум Мис на свет (се додека еден ден не паднав по скалите, испреплетена со нозете низ фустанот!) А иначе шминка за пред народот, прв пат ставив на 13 години и тоа беше моливче црно на очите, па после за полуматура ставив и крем пудра, малце сенка, сјајче и слични ствари! Долго го чекав тој момент, да ставам шминка и да се прошетам нашминкана пред сите, ама па затоа денес речиси го мразам тој момент пред излегување од дома и скоро секогаш правам по некоја грешка во шминкањето па морам од почеток !
Па ни сега на 26 год не се шминкам многу. Имам чисто лице и само зимно време ставам пудра. Почнав да користам маскара и кармин некаде во средно, тогаш ми беше поинтересно да се шлакам. Сега само сјајче, маскара, малку моливче на краевите на очите и тоооолкууу
па сеа ова годинаама не се шминкам секогаш некогаш дури и за излегвање не клавам ретко клавам најчесто само сјај и маскара моливче неможам да поднесам многу кје го размачкам
Од осмо одделение. Тогаш памтам ставав пудра римел и црно моливче (и секако сјај за уста).. Леле па тоа црно моливче кога ќе го збрцав внатре од внатрешна страна на окото незнам како сум го ставала... Подоцна почнав да ставам и руж (некоја розева нијанса знам ставав долг период а таа воопшто не ми одговара со тенот. Со текот на времето научив што ми одговара што не, се усовршив во шминкање (дури сите другарки и цел комшилук го шминкам за свадби, родендени, прослави..) а сега јас сум таа што не става многу шминка (како налага прилика, секако)...
Почнав негде седмо или осмо одделение со сјајче, маскара, моливче. Во средно почнав да ставам пудра и да експериментирам со некои сенки. Пред околу година (имам 1 научив добро да нанесувам пудра и да ставам туш, и така се шминкам и до ден денес.
Шминка почнав да користам на 17години, во 3та средно претходно излегував меѓутоа ништо не става, дури ни сјај на уста
Не сум голем фан на шминка. Уште од мали нозе сум навлечена на сјај од проста причина што устата ми испукува. А иначе другиве шминки како маскара, сенка, моливче итн ги користам само на многу ретки прилики или кога ќе ми текне нешто што би можело да ми стои па го испробувам.
Во 8-мо одделение почнав да експериментирам со шминкање.Од прва година средно веке континуирано користев шминка.За школо само маскара колку што се секавам, а за излегување ааааа, све и свашта тешка шминка на младо лиценце-катастрофа.Тоа е онаа фаза кога сакаме да делуваме посериозно и која верувам сите ние ја поминуваме. Со тек на време, за срека фазата ,,кловн,, ми помина. Денес се шминкам дискретно, би рекла.Течна пудра, маскара, руменило и карминче или сјај.Но, никогаш не излегувам од дома, ниту пак пречекувам гости дома без шминка.Тоа ми е правило.
Ами не знам, точно кога сум почнала да користам шминка ама не сум некој обижавател на шминка, и кога користам тоа е минимално, некоја пудра за лице, малку маскара и молив, сјајче и тоа, ина4е можеби од кај 16 години да ре4еме....
Јас почнав да си ставам римел во 6 одд. ама многу ретко, а сега си ставам најчесто само креон и тоа многу ретко
Јас си почнав од шесто или седмо одделение мислам, само маскара и сјај понекогаш, ама не на училиште и тоа само кога стварно сакав.