Кога тргнав во школо научив да читав течно. Инаку и пред тоа ги распознавав буквите, ама тешко ми беше да ги поврзувам.
На 4 почнав да се учам, на 5 веќе сама си читав сликовници. Брат ми тогаш тргна на школо, па јас до него седев и заедно учевме.
Научив да читам на 7 години односно кога започнавме да учиме на училиште. Пред тоа моите родители не се потрудиле да ме научат мислеле дека треба да уживам во играњето колку што можам подолго и да не се оптеретувам со читање, иронично е бидејќи откако научив да читам се вљубив во книгите и не памтам некогаш кога сум имала време да не читам па и ден денес знаат да се зафркаваат со мене и ми велат сум надохнадувала за тогаш.
На 4 години со помош на дедо ми почнав да ги учам буквите, да читам и пишувам, кога имав 5 години веќе читав течно. Имав Буквар дома и додека тргнав на училиште напамет го имав научено.