Напочеток ми беше тешко и збунувачки бидејќи дедо ми ме учеше да читам грчки, а мајка ми на македонски. P.S. на 7 години.
На 4 ипол 5 години И тоа за нова година имав честитка па мајка ми ме натера да ја прочитам и така буква по буква научив да читам
На 5. Уште од 4 год мајка ми и баба ми почнаа да ме учат, и бараа да ги читам имињата на продавниците кога ќе излезевме, и параграфи од весниците дома. На 5 или 5 и пол читав веќе течно.
Според информациите од моите, некаде на 3 години сум почнала живо да се интересирам за буквите поради серијата Бушава азбука. На 4 години сум почнала и да читам и да пишувам. И до денес си ја негувам љубовта кон пишаниот збор
На 5-6 години читав буква по буква, на 7 години маааалку побрзо почнав да читам, на 8 години 80% читав како што треба.
Неколку дена пред мојот 4ти роденден. Во една вечер ги научив сите букви да ги пишувам со мајка ми, само К ми била тешка, па знам некако ме фатило инает зашо името ми почнува на таа буква и сум ја терала мајка ми да научам прво, после ќе спиеме и до 4ч сме останале учејќи. Додуша и памтам вака ко вчера да се случило. Одма научив истиот ден и да читам, утредента веќе знаев сама да читам и пишувам, моите се чудеа. Многу сакав да читам сликовници сама, ме нервираше шо треба друг да ми чита и така запнав да ме научат да читам и бидна. Не е баш у склоп со прашањето ама е поврзано, па ми текна баш кога ја видов темата. Во прво одделение, наставничката ми се лутеше зошто не сум читала ко сите пример ма-ма на слогови и споро како сите во класот, туку сум читала брзо и течно и не сум ја слушала, не требало така да се чита во прво одделение. Па дома кога кажав зашто ме искарале збеснаа, отидоа да разговараат зашо кога си знам да читам веќе 2 години, ме тераат да се уназадувам... После веќе не ми правеа проблем. Можда тука и сфатив дека образовниот систем не тера сите да сме исти и просечни, а не разбираат дека некој учи побрзо или поспоро и не сме сите правени ко по калап исти.