@Dream-Girl 30 букви научени во една вечер на неполни 4? Да не е претерано ова малку? Инаку од педагошка страна гледано ,непотребно. Сите деца кои прерано се форсирани да научат букви и да читаат ,подоцна стагнираат. Во 5 одд се веќе сите исти.
Сама сакав. Не ме форсираше никој, ја ги замарав да ме научат. Обожавав да читам премногу... Брат ми чиста спротива од мене, на 7 научи да чита и со пишување имаше проблем, но немаше ни желба, ни па го терале да учи моиве нешто. Мораше во школо да научи, па научи со потешкотии. Инаку не е баш така, секој има нешто за што појше го бива, на пример деца што знаат одлично математика, а ги тераат да учат просечна математика во основно/средно, наместо да се приспособи програма за нив понапредна и уште од мали да се откријат и стимулираат такви таленти деца. Кај нас баш и нема тоа, не тераат сите ама баш сите да сме исти. Ама нема врска не е тоа темата.
Не знам. Вие што велите 'на 4 веќе знаев да читам' се сеќавате? Јас на ништо не се сеќавам до 6-7 години. Да ги прашам моите ќе речат на 6 месеци сум знаела да читам и пишувам.
На 5 години сум почнала со првите букви и да ги пишувам од моето име и така сум почнала да читам. Уште си го чувам албумот кој е шкртан со моето прво пишување на буквите.
Лично се сеќавам на се после третата година и поготово највеќе на периодот кога одев во градинка. Имам и снимки на цд од градинка како јас читам на приредби напишани текстови на 4-5г, баш еве стриктно ако е за читање... @Maro87 на сите ни било значи интересно името да си го напишеме прво. Убаво за спомен што си чуваш, криво ми е што немам зачувано и ја такво нешто.
На 5 години, баба ми ми ги напиша сите букви на лист и два дена ги учев на памет. Прво азбуката по ред ја научив, а потоа и да пишувам и да читам.
Не,во ред. Само нема потреба од рано учење. Инаку постои програма од скоро. Од преклани мојата помалата ќерка е во основно во програма на надарени деца,се пријавуваат тие деца кога ќе се препознаат и наставниците по одредени предмети работат по напредна програма со неа. математика,цртање и јазици. Типично за надарени деца. Англиски граматика во 6 знаеше за 9. Бројки почна да учи на 5 год.во градинка,во школо тргна како најстара во одд.читање учеше во школо,на курс за јазици,не одеше.
Моите ме учеа да читам додека сеуште бев забаваче одприлика на 6 годишна возраст, а првата книга (мала книгичка од неколку страници) ја прочитав пред да ме запишат во прво оделение Божиќна сказна. Многу сакав да читам како мала, мајка ми секогаш ми купуваше сликовници и морам да кажам дека обожував да ги читам и тоа така остана и до ден денеска морам да читам било каква книга, било што. Факултетот ми беше постојано со читање и учење континуирано, но и кога ќе направев една недела пауза тогаш земав да читам било каква книга за да се релаксирам .
Пред да идам на школо ги знаев буквите. Читав но онолку колку што може едно 4 годишно дете да чита. Без нечија помош. Коа ппјдов на школо го усовршив читањето и знам дека воопшто не сум имала проблем со тоа.
На 2год првите букви ги научив кога ќе ме плеснеше мајка ми со папучата А О Ф на 4 год веќе рецитирав