На 3 и пол години (будало дете ) Ја учеле сестра ми пред да тргне во забавиште, јас сум седела со нив на маса и сум слушала. И сум научила, не се ни сеќавам ни како ни кога. Знам само дека сум почнала да ги читам насловите на ТВ и сум ги изненадила моите, не ни претпоставувале дека и јас знам да читам
Уште на 5 години сум научила да читам, а и да пишувам. Па така, од мала си гледав филмови и серии и си читав течно. Инаку, кога првпат тргнав на училиште, премногу ми беше досадно бидејќи цело време требаше да пишувавме разни линии и цртички, а јас веќе знаев перфектно и да читам и да пишувам...
На 3год ?!?! Да ти кажам право дека никогаш не би го замарала своето дете да пишува и чита на таа возраст. Па тоа е бре дете кое сака да се игра со играчки и сеуште му се чисти говорот. Си има време и за тоа. А да не претеруваш ТИ малку???? Јас научив да читам и пишувам во училиште, не дека претходно не знаев да си го напишам името и основното ,,мама,, ,,тато,, и сл. ама моите не биле до толку себични да ми крадат од детските игри и лудории.
На 3 или 4, не знам сега скроз точно,ама тој период. А веќе во прво одделение,на 6ипол години победив на натпревар во брзо читање на непознат текст. Абе... :geek:
Јас научив да читам на 5 години. Сама изразив желба да научам и го терав брат ми, како постар, да ме учи Набрзо потоа научив и да пишувам, ама само така некои рандом зборчиња, нормално не реченици. Потоа, во прво одделение читав најтечно од сите деца и наставничката нон стоп ме фалеше, а јас се дував како паун
На 4. Не дека некој ме присилувал да научам или слично. Мајка ми била невработена и постојано дома со мене. Ме зачленила во библиотека и секој ден по 2-3 сликовници ми читала. Еднаш сум и рекла: доста бе мамо, остави ме, си знам сама. Најпрво не ми верувала, мислела напамет го знам текстот, но после..
Јас на 5 години , мојата братучеда кога ќе седнеше да учи и пишува домашни јас плачев за да седнам до неа.
Кога бев забавиште знаев да си го напишам името и имињата на своите најблиски. Знаев нешто , тато, мама ,да напишам, да прочитам . Прво оделение научив убаво и течно да читам.
Научив да читам кога започнав да одам на училиште. До тогаш не бев заинтересирана, поважни ми беа барбиките па што... си уживав во детството
Ееј темава ) јас на 4 научив да читам и си бев многу горда во прво кога праша учителката кој знае да чита хихих а пвиот збор што го прочитав мислам беше ДОБРО а и ролерки тогаш почнав да возам и исто толку ми се битни
На 5 години, но и претходно пробував по нешто да читам сепак не толку течно и убаво. На 5 години веке знаев убаво и течно да читам
Научив да читам и да пишувам кога тргнав на училиште. Претходно не сум се ни замарала да учам, да пишувам. Само знаев името мое, мама и тато да напишам
На 3 години ги знаев буквите, (се сеќавам дека ги научив од боенка и за секоја буква имаше збор) со помош на баба ми. На 4 години знаев да читам и во забавиште јас им читав сликовници на останатите деца. До ден денес ми остана љубовта кон читањето и книгите