Точно не се сеќавам, а не знам ни дали моите памтат таква работа. Знам само дека во школо кога тргнав знаев да читам и пишувам, а тргнав на 6 години и 3 месеца.
На три годинки учев прво да пишувам, бидејќи сум покажувала голем интерес за пишување, за науките, небесните тела, дури сум ја прашувала мама зошто Земјата се врти а ние не паѓаме и слично (сигурно ви е прилично чудно за детенце од три години), а на четири научив да читам течно. Додуша, за првото што го кажав не е толку чудно бидејќи сум со надпросечна интелигенција