На неполни 5 години веќе знаев да читам и пишувам. Латиницата ми одеше малку потешко, но ја совладав и неа. Мене воопшто не ми беше замарање, ниту пак моите биле иницијатори за јас да научам да читам - едноставно многу ме интересираа сите тие букви распоредени низ многуте сликовници и книшки кои ги имав, па постојано ја терав баба ми да ми чита. И нормално, таа читаше премногу бавно, а јас сакав да слушнам уште една и уште многу приказни за брзо време. Имав и букварка, многу беше интересна, се учеа буквите и бројките низ боење, доцртување и слични загатки и уживав додека си црткам во неа. Уште си ја чувам, премногу ми е мила за да ја фрлам. До забавиште читав доста течно, се сеќавам дека се собиравме речиси целата група и ме слушаа како им читам приказни. Воспитувачката раат видела од мене, помошник за сите пари.