Самиот наслов на темата си кажува..значи која книга вистински ве погодила и сте пуштиле солзи .. слободно да си пишете сите..не е срамота Ако има некоја ваква тема извинете.
Книгата Ринка... Моментално не ми текнува како се викаше писателот. Веднаш откако ја прочитав ја гушнав мајка ми Многу е тажна книгата, ама ви препорачувам да ја прочитате, само 50тина страници беше. Малечко книџуле ама со многу емоции
Затоа што те љубам - Гијом Мисо Марта - Горјан Петревски (ова уште во основно ) Прошетка за паметење - Николас Спаркс Дневници за нашата љубов - Николас Спаркс (книгата ме трогна повеќе од филмот) .. и уште неколку други, ама овие ми се вака повеќе во сеќавање.
Сум пуштила солза скоро за секојаа прочитана книга..секогаш,во секоја книга има дел кој допира до мене и ме тера да пуштам неколку солзи мада единствена книга на која немам плачено е Кум
Илјада неверојатни сонца од Калед Хосеини. Книгава си ја исплакав од самиот почеток па до крајот. Неверојатна книга.
Илјада неверојатни сонца од Калед Хосеини. Толку ме потресе судбината на Лејла, сум ја мислела денови после тоа. Се изнаплакав поштено. Оскар и госпоѓата во розев мантил. Мала, симпатична и тажна книга за малото детенце Оскар, кое е во болница, боледува од неизлечива болест, кому деновите му се избројани. Не верува во Бог, но покрај игрите на госпоѓата во розев мантил која му прави друштво, ќе биде поттикнат да му пишува писма секој ден. На крајот, кога ќе почине, на наткасната ќе остави писмо со последните зборови - Само Бог смее да ме разбуди. И додека пишувам сега ми се насолзуваат очите, прекрасна и потресна книгичка. Дванаесеттиот ангел - Ог Мандино И на оваа книга се изнаплакав. Многу ме потресуваат тажни детски судбини. Како мала многу плачев на приказната за Диносаурусот - Тираносаурус или Бронтосаурус од книгата За твојот роденден. А немаше ништо тажно во приказнава, ден денес се чудам, ама последната реченица - Но во неговото огромно тело, чукаше едно мало, меко и добро срце, секогаш, ама секогаш ме доведуваше до солзи. Будало дете.
Ти си виновна што ја читав оваа книга и што се истурив од плачење. А јас се сеќавам дека како мала првата книга на која се удавив во солзи беше девојчето со две имиња. Мала бев бре, и татко ми ми ја донесе, така и почнав да читам уствари, абеее се убив од плачење и го мразев се додека не видов дека среќен крај има книгата. Секогаш ќе ја памтам, плус сеуште си ја чувам. А вака, како поголема читајќи знам да си пуштам солза и за некоја ситница низ книгите. Последно плачев на книгата еднаш во животот. И тоа добро се изнаплакав.
Шестиот дел на Хари Потер кога умре Дамблдор. Пајажината на Климентина Полноќна палата Принцот на маглата .. на многу книги сум плачела
Тристан и Изолда-Жозеф Бедје крајот ми беше премногу тажен. -Исти Очи - Горјан Петрески -Марта- Горјан Петревски и -Страниците за нашата љубов - Николас Спаркс
Розевата улица- тинејџерска книга! Напишана од македонска млада(4 год.средно) писателка сепак беше преубава и ме расплака. Исто така и на Илјада неверојатни сонца од Калед Хосеини.
Во моментов ми текнува на „Дружината Братско стебло“, кога умре Немечек Инаку нема многу книги на кои сум плачела..
Орден за плачка треба да ми дадат мене. Имам плачено на: Дневникот на Сузан за Николас - Џејмс Патерсон Ројни солзи пролеав на книгава, може е една од првите на која така сочно сум се исплакала. Одлука - Никола Спаркс Човеков за мене е тата-мата да ме расплаче, најчесто неговите книги сум ги читала кога сум била емоционално растревожена од некоја работа, и парам парче правам со емоции. Ќе рече некој ептен предвдлива книга демек, зашто сум плачела, ама ете, I believe in love. Пиреј - Петре М. Андреевски Со секое наредно дете кога умираше, имаше едни прекрасни зборови навезено авторот, да тоа неизбежно беше да пуштам солза. Пуста жалостија за Велика и нејзините маки кога го чекаше Јон да и се врати.
Последната песна- Николас Спаркс Делот кога Рони дознава за болеста на татко и, и делот кога тој умира ги дочекав со палома в раце Марина- Карлос Руиз Зафон Кога Марина ја носат во болница и умира, а Оскар се присетува на сите моменти што ги поминал со неа.