P.S. I love you - Cecelia Ahern - книга коjа дефинитивно вреди да се прочита. На моменти смешна до немаj каде, за подоцна, кога се соживувате со спомените на главниот лик, ќе ве натера да пуштите и некоjа солза поради горчината и неправдата во животот. Последните селани - Петре М. Андреевски - сите книги кои што ги прочитав е од овоj одличен македонски писател ме испратиjа назад во времето. Кога книгата ти jа допира душата со своjата приказна, нема шанси да незаплачеш..
На Вештица од Венко Андоновски. Крајот некако многу ме трогна, не пуштив солза, туку липав. Одамна ми е читана, би ја препрочатала пак. Неговиот стил на пишување е толку нежен, елегиски, сентиментален, и најтврдото срце би омекнало пред неговите зборови. Ќе го цитирам овој извадок од книгата: "Кога човек плаче сака да мисли, и солзите се реченици а не течности".
Апсолутно се убив од плачење на „Прекрасни коски" од Алис Себолд, како што ја почнав со плачење, така и ја завршив ама мислам дека не можеш а да не плачеш додека ја читаш (мајка ми воопшто не можеше да ја чита, ненормално се потресуваше...), потоа плачев на „Волшебниот брег" од Томас Ман (тие што ја читале знаат кој е тажниот дел), плачев и на „Смртта на Вергилиј" од Брох ама не од тага, туку од убавина, посовршена книга немам прочитано во живот и ме совладаа емоции а исто се расплакав, ама сосем малку и на последната книга од „Хари Потер" серијалот, ме спука некој жал зошто ете сагата заврши, нема повеќе и плус ме фати некоја носталгија по времето кога ја читав првата книга.
На "Роза за балеринта", "Пиреј", "Никаде без ќерка ми" ... за овие се сеќавам, а има уште многу, емотивна сум си.
Прва и досега единствена книга која ме расплакала беше The Fault in Our Stars. Не плачам на книги, дури ни на филмови, многу ретко се случува. Можеби затоа што такви жанрови преферирам - најчесто читам трилери, мистерии, а таму повеќе има неизвесност отколку плачење
На „Прирачник за анти-антиалкохолочари“ од Игор Џамбазов. Кога објаснуваше кога морал да го успие Бошко.
Јас си сум емотивец голем и пуштам по некоја солза скоро на сите книги. Некогаш поради ситуацијата, друг пат поради расположението и фактот што сцената ме потсеќа на нешто. Ама асолно имам плачено на The fault in our stars од John Green и After you'd gone Maggie O'Farrell, особено на втората. Ме погоди ситуацијата Алис ептен.
случајно ја сретнав темава и ми текна да коментирам.. последна книга која успеа да ме расплаче е Пиреј
Smurfette.M ме потсети на книгите на Петре М. Андреевски. Последните селани и Пиреј ме расплакаа, ме натажија многу. Освен овие, сум плачела малку и на P.S. I Love You од Cecelia Ahern... можеби и на некои други, ама не се сеќавам веќе.
Претходното лето плачев првпат. На "Исти очи". Глупо ми беше да не пуштам некоја солза Spoiler токму во моментите кога откриваат дека се брат и сестра близнаци. Сега ми е глупо тоа што сум плачела....
Дневникот на Сузана за Николас - Џејмс Патерсон Ме расплачи крајот на книгава. Нема да ви откривам детали, прочитајте ја сите кои имате можност нема да зажалите.
Дефинитивно на Големата вода-Живко Чинго. Се истурив од плачење кога Кејтен рече дека од дрвото сакал да направи мајка. Ме потресе животната судбина на малите деца оставени на милост и немилост на возрасните од домот, без никој да им пружи трошка љубов :'(