Исто. Тотален пресврт, плачев како бебе, а никогаш до сега не памтам да сум плачела поготово не на книга.
Ја плачам на поезија! Последно читав нешто од Неруда неможам да се сетам која поема беше се убив од плачење, плус бев во пмс и тоа има влијание ама луѓе како беше напишано, љубов и сакање, копнеж по некоја жена до болка. Ме расплака и помислата на тоа колку треба да си умешен за да го пренесеш чувството на хартија, аххх...
PS, I love you- Cecilia Ahern. Единствената книга на која ми капна некоја солза. Spoiler И можеби насолзени очи на Шагринска кожа
Една ли е? Голема плачка на книги сум. Најпрво, МОРАМ да ја спомнам „Првиот последен бакнеж“ од Али Харис. Последните 150 страни беа вистинска тортура, не можев да престанам да плачам. Кога бев помала, го обожавав Николас Спаркс и нема книга од него на која не сум плачела. Потоа, „Роза за балерината“ од Лурлин МекДениел. Сесилија Ахерн исто би ја вброила меѓу оние автори кои успеале да ме расплачат со своите книги „На крајот од виножитото“ и „П.С. Те сакам“. Со малку поразлична тематика беа „Момчето во пижами на риги“ од Џон Бојн и „Крадци и проститутки“ од Рута Шепетис, книги кои не ме оставија рамнодушна. И да, „Светот не е фабрика за исполнување желби“ од Џон Грин, човекот на кој не можам никако да му простам бидејќи Spoiler ми го уби Августус Вотерс! Патем, сто проценти сум сигурна дека сум заборавила некој наслов, ама на овие прво ми текна.
Имам на многу книги плачено посебно на крајот. А најмногу сум плачела на Чекори за сеќавање, Драги Џон и Академија за Вампири.
Јас сум си плачка, во секоја книга скоро можам да си најдам делче на кое ќе се расплачам. Последна на која сум плачела а и најмногу е The fault in our stars или Светот не е фабрика за исполнување на желби, ме уби книгава, два пати ја читав два пати плачев како мало дете Буквално ваква бев
Мнооогу ретко ми се случува да земам книга која што во себе не содржи криминологија и такви работи , но ете ја зедов Крадачка на книги од Маркус Зусак и книгава беше единствената која што ме расплача. Едноставно ги извади солзите од мене, не можев да престанам, читам и плачам... не ми се веруваше колку крајот успеа да допре до мене...
Се уште не сум прочитала книга која ме трогнала до степен на емотивност за да заплачам. Не верувам дека тоа ќе се случи некогаш затоа што не реагирам толку чувствително во реалноста,а не па кога станува збор за напишан текст на парче хартија.
Пајажината на Климентина Ми беше многу тажна книгата Заплачив на последниот расказ кога Климентина почина стварно ми беше многу жал, пуштив 3 солзички
Прошетка за паметење - Николас Спаркс Порака во шише - Николас Спаркс Дневникот на Сузан за Николас- Џејмс Патерон Исти очи - Г.Петрески