Последната е Ригишпил(имало и други).Прекинував да ја читам па пак се враќав и едвај чекав да ја дочитам да не повеќе
Затоа што сум решила да бидам силна и да не плачам пред други често плачам на филмови кога сум сама и на книги . Последни книги на кои сум плачела и не сум можела да се соземам се : патувањето на утринскиот скитник(патувањето на муграта) и порака во шише од Николас Спаркс на неа сум липала и не можев да се соземам да престанам да плачам многу тажна и со тажен крај
Јас сум истата морав да додадам дека многу убава е и книгата клетници од Виктор Иго и на неа многу сум плачела а ги има и куп други
Последна на која се сеќавам дека сум плачела е Последниот чај од Винка Саздова. Ама не дека е приказна во книгава нешто трогателна, туку ми имаа поттикнато лични сеќавања и емоции. Па така си правев паузи, ридав над своите сеќавањата, изливав душа, повторно ги преживував и се простував со моите слични минати случки. Затоа ја паметам книгава, и затоа ми е посебно драга
Сопругата на патникот низ време – Одри Нифенгер ... Што се случува кога ќе ја сретнете љубовта на својот живот, а имате само 6 години? А тој 36, но во суштина, само осум години разлика по старост од Вас? Фантастична приказна.
Ловец на змејови-Халед Хосеини,Роза за балерината-Лурлин МекДениел и на Страници за нашата љубов-Николас Спаркс
Пајажината на Климентина, Таро од земјата на планините, Бела Грива, една со стар роб кога ќе раскажува за животот на робовите ама не ми текнува како се викаше..
Ги имало повеќе дел од нив се Полн круг- Даниела Стил, Гневот на ангелите-Шелдон, Раскажи ми ги соништата -Шелдон, ПС Те сакам -Сесилија А, Чокохоличарка на диета, Паднати ангели-Нора Робертс ги има и други ама главно овие ги имам исплакано квалитетно.
Прв пат плачев на лектира од 3-4 одделение Бела Грива не знам колку пати ги пречитував последните 15 страни и пооосле долго време на Дали ме чекаш? од Гијом Мисо ... не сум плачка можеби затоа немам многу за кажување