Скоро плачев на Рингишпил -Ј.Бачиќ.. А одамна плачев на- Никаде без керка ми.Го заборавив авторот.Ако го знае некој нека ме потсети, би сакала уште еднаш да ја прочитам
Буквар. Пишував цела ноќ и не знаев како да ја напишам буквата Б и за тоа јадев ќотек. Само еднаш ја напишав добро и никогаш повеќе. И ден денес ракописот кирилица ми е катастрофа. Латиница и арапски бројки се трпи, океј е. Сега со ова компјутериве има тастатури, екрани на допир и што ли уште не - немам потреба да користам пенкало.
Иљада неверојатни сонца Никаде без ќерка ми Рингишпил Без страв Драги Џон Славејот Ловец на змејови...
Не е баш книга, ама толку имам плачено во прво одделение над оваа кога за домашна имавме цела страна ////////// па \\\\\\\\\\ па |||||||||| итн и макар едно да ми беше естетски неубаво рикав се трескав од земја. Тоа плачење го паметам. И на факултет на сметководство
На многу..Речиси во секоја книга можам да најдам некоја ситуација која опишува некој период од мојот живот,некоја случка и слично.Џејн ејр,Девојчето на брегот,А потоа,ми се пред мене па ми текна на нив,но и др.на кои не ми текнува во моментот..Стално си плачам на книги.